#Bookstagram

Мелиса @mellisreading: Секоја книга е со своја приказна и секој читател носи нова перспектива

15.07.2026.
Мелиса @mellisreading: Секоја книга е со своја приказна и секој читател носи нова перспектива
Мелиса @mellisreading: Секоја книга е со своја приказна и секој читател носи нова перспектива

Во светот на социјалните мрежи во којсодржината често е брза и минлива, постојат профили што создаваат простор за подлабоко читање, за размислување и за искрена љубов спрема книгите. Еден таков е букстаграм-профилот @mellisreading, зад кој стои Мелиса – читателка што својата страст кон литературата ја претвори во заедница на споделување, на препораки и на разговори за книги без филтер и без граници.

МОЈАТА БУКСТАГРАМ-ПРИКАЗНА

Како започна твојот букстаграм-профил?

  • Приказната како настанал мојот профил за книги започна со тоа што веќе не можев да објавувам на приватен профил рецензии и мислења за книги, затоа креирав нов, во кој можев да комуницирам со сите љубители на пишаното и запознав многу пријатели.

Која е првата книга што ја паметиш по сопствен избор?

  • Првата книга што ја паметам, а е по мој избор  е „Ладнокрвно убиство” од Труман Капоти... . Ја читав на зимски распуст.  Ја паметам бидејќи е базирана на вистински настан во Америка.

Што те натера да се вљубиш во читањето?

  • Бегството од реалноста, нови светови и магии. Можноста да се исклучам неколку часа додека читам ме натера да се вљубам во книгите и е нешто незаменливо.

Кој жанр најмногу го сакаш и зошто?

  • Најмногу ги сакам жанровите фантазија и трилер/хорор. Сакам брутални убиства и книги што те носат во друг свет.

 Дали книгите ги купуваш импулсивно или плански?

  • Книгите ги купувам калкулирано, ако е серијал и сакам да ги поседувам во својата библиотека ќе ги купам, ако е од омилен автор исто. Но, ако е кратка романса што можам онлајн да ја прочитам можно е и да не ја купам никогаш.

 Колку книги има во твојата домашна библиотека и кој ти е омилен агол за читање?

  •  Во мојата домашна библиотека има повеќе од 200 книги и омилен агол ми е мојот кревет каде што можам удобно да уживам во приказните.

 Која книга те расплакала или најмногу те допрела емотивно?

  • Јас сум емотивец, дали било драма или хорор. Кај последната книга што ја прочитав „Dark Matter“ — научна фантастика, ме расплака одлучноста на главниот лик да си го спаси семејството по цена на сѐ, а љубовта е таа што победува.

 Која книга ти помогнала во тежок период?

  • „Невидливиот живот на Ади Лару“ ја прочитав во период од мојот живот во кој изгубив една многу блиска личност – мојата баба. Научив дека сѐ во животот е минливо и дека е важно да оставиме трага зад нас. Таа книга ми помогна и ми е омилена засекогаш.

 Со кој лик најмногу се поистоветуваш?

  • Ади Лару е девојка на која наликувам по малку – бунтовна, уметничка и истражувачки настроена. Не запира по цена на ништо и дава сѐ од себе да успее.

 Ако можеш да живееш еден ден во свет од книга?

  • „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“ 

 Книга што ти го променила начинот на размислување?

  • „Five Feet Apart“ – емотивна приказна за љубовта и за болеста што не дозволува допир, и за загубата што менува сè.

 Омилен цитат од книга?

  • „Сите приказни се вистинити.“ („Град од коски“ – Касандра Клер)... „Сите приказни се вистинити – чудовишта, ангели, демони… и сите ние што сакаме да го спасиме светот.“

 Книга што би сакала да ја прочиташ повторно за првпат?

  • „Шест врани“ – Ли Бардуго

КНИГИ И ФИЛМОВИ

Дали прво ја читаш книгата или го гледаш филмот?

  • Секогаш прво книгата, потоа филмот – и секогаш книгата е подобра.

Која адаптација е најдобра?

  • „Господар на прстените“ – совршено пренесени атмосфера, емоции и магија.

Која те разочарала?

  • „Ова завршува со нас“ – филмот комплетно ја промени суштината.

 OFFLINE BOOK CLUB BY ARS LAMINA

Од какво значење е за тебе Offline Book Club-от?

  • Самото учество и слободата за разговор без филтри е нешто најдобро осмислено.

Што најмногу ти се допаѓа?

  • Разновидноста на ставовите и почитта спрема различни мислења.

Како ти го промени искуството?

  • Секоја нова книга носи и нова инспирација за уметност и за цртање на рабовите.

Највпечатлив момент од клубот?

  • Првиот состанок и дискусијата за книга од Сара Пеканен.

Порака за нови членови?

  • Да не размислуваат многу – клубот е искуство што те принудува повторно да се вљубиш во книгите.

 БРЗИ ПРАШАЊА

Физичка (од хартија) или е-книга? - Физичка копија.

Обележувач или свиткано ќоше? - Обележувач (макар и сметка).

Кафе или чај (или можеби вино/коктел) додека читаш? - Кафе и чај – зависно од моментот.

Една книга или неколку паралелно? - Неколку книги паралелно.

Книжарница или библиотека? – Книжарница.

Купување книги или добивање книги на подарок? - И купување и подарок книги.

Омилена полица во домашната библиотека? - Полицата за фантазија.

Книга што никогаш нема да ја позајмиш на никого? - „Illuminae“ (ниту една од трилогијата)

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Jul.
#Bookstagram
Мери Крстевска е личност што живее во интересен баланс меѓу светот на бројките и меѓу светот на буквите. Работи со финансии, но однатре е вљубена читателка, ...
20.
Jun.
#Bookstagram
Во свет каде што книгите сè почесто добиваат нов живот преку социјалните мрежи, книжевните заедници стануваат важен дел од современата читателска култ...
13.
Jun.
#Bookstagram
Постојат приказни што прво се читаат, па потоа се гледаат - и такви што засекогаш остануваат некаде меѓу страниците и филмското платно. Токму во тој простор ...
02.
Mar.
#Bookstagram
Секој збор, секоја реченица, секоја страница е залудно напишана ако не си го пронајде патот до своите читатели. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.9 MB