#Bookstagram

„Меѓу страниците и филмското платно“ - запознајте ја Александра Крстевска @books_vsmovies

13.06.2026.
„Меѓу страниците и филмското платно“ - запознајте ја Александра Крстевска @books_vsmovies
„Меѓу страниците и филмското платно“ - запознајте ја Александра Крстевска @books_vsmovies

Постојат приказни што прво се читаат, па потоа се гледаат - и такви што засекогаш остануваат некаде меѓу страниците и филмското платно. Токму во тој простор меѓу книгите и филмовите живее светот на @books_vsmovies, создаден од Александра Крстевска.

Нејзиниот букстаграм не е само колекција од препораки, туку мало филмско-литературно универзумче во кое секоја книга има свој кадар, секој лик своја сцена, а секоја емоција свој close-up. Од случајна идеја, родена во тежок период, таа гради простор каде што приказните не се само прочитани или изгледани - туку доживеани.

Во ова интервју зборуваме за книгите што би биле совршен филм, за филмовите што ја менуваат перцепцијата на читањето и за магијата што се случува кога една приказна ќе го најде својот пат и до страницата и до екранот.

*Како започна твојата букстаграм-приказна?

- Многу спонтано и непланирано. Во еден тежок приватен период сосема случајно ми дојде идеја да го креирам профилот, и тоа е една од моите најдобри одлуки што сум ги донела. Голема пасија ми се книгите, но и филмовите и ТВ-сериите, па, оттука, доаѓа и името на профилот.

*Која беше првата книга што ја прочита по сопствен избор и сè уште ја паметиш?

- Тоа е романтичната комедија „Знаеш ли да чуваш тајна?“ од Софи Кинсела.

*Што те натера да се вљубиш во читањето?

 -Љубовта спрема книгите и спрема читањето ја наследив од мојата постара сестра, а многу сум среќна што успеав да ѝ ја пренесам на мојата внука.

*Кој жанр најмногу го сакаш и зошто?

- Како што поминуваат годините, сфатив дека не сакам да ги определувам книгите по жанрови, туку по емоции и по расположение.

*Дали книгите ги купуваш импулсивно или имаш однапред подготвена листа?

- Порано би рекла дека мојот најголем проблем беше импулсивното купување, но во последно време тоа се смени и сум многу горда што имам самоконтрола.

*Покажи ни ја твојата домашна библиотека – колку книги имаи кој е твојот омилен агол за читање?

- Мојата домашна библиотека има околу 600 книги од различни жанрови. Омилено место за читање ми е дневната соба, каде што се наоѓа и самата библиотека.

*Која книга најмногу те трогна/расплака?

- Јас сум емотивец и не е тешко да ме расплаче книга, но ако треба да изберам една, тоа би била „Хамнет“ од Меги О’Фарел.

*Која книга ти помогнала да поминеш низ тежок период во животот?

- „Сите твои совршености“ од Колин Хувер, бидејќи и јас во тој период се соочував со сличен проблем.

*Кој книжевен лик најмногу потсетува на тебе?

- Дајана од „Посакувам да си тука“. И јас, како неа, бев човек што сака да планира, но животот ме однесе во насока што ме промени целосно.

*Ако можеш да живееш еден ден во светот на една книга, која би била?

- Во сите божиќни книги на Сара Морган, бидејќи сум вечен романтичар.

Дали некогаш си прочитала книга што целосно ти го променила начинот на размислување? Која?

-„Неверојатно бистри суштества“ од Шелби ван Пелт. Ме научи да ги гледам октоподите со поголема љубов и почит.

*Кој е најубавиот цитат што ти останал во сеќавање?

- „Кога сакаш нешто, целиот универзум се здружува за да ти помогне да го оствариш.“ – „Алхемичарот“ од Пауло Коелјо

*Кога последен пат затвори книга и остана без зборови?

- Дефинитивно „Посакувам да си тука“ од Џоди Пико. Најшокантниот пресврт што сум го прочитала досега.

*Книга што би сакала да ја прочиташ повторно за првпат?

- Животот е краток за да гледам или за да читам нешто по вторпат, но не би ми пречело повторно да ја прочитам „Папата Јована“ од Дона Вулфолк Крос.

 Книги и филмови

*Што сакаш повеќе – прво да ја прочиташ книгата или да го гледаш филмот?

- Дефинитивно прво книгата, па потоа филмот.

*Која филмска или ТВ-адаптација според тебе е подобра од книгата?

- Серијата „Off Campus (The Deal)“ според истоимената книга на Ел Кенеди.

*Која екранизација најмногу те разочарала?

- Филмот „Ова завршува со нас“ според истоимената книга на Колин Хувер.

Offline Book Club

*Во колкава мера клубот ги исполнува твоите потреби за книжевно дружење?

- Самиот факт што по секоја средба сум насмеана и полна со енергија значи дека моите очекувања се исполнети.

*Што најмногу ти се допаѓа кај средбите на клубот?

- Дискусијата, спонтаноста и отвореноста на членовите да се изразат, без огледдали мислењата се исти или различни.

*Дали клубот те поттикна да читаш книги што инаку не би ги избрала?

Да, и тоа особено ми се допаѓа.

*Што значи за тебе да разговараш за книги со луѓе што ја делат истата страст?

- Исполнување на мојата желба да ја споделам љубовта спрема книгите со други луѓе.

*Кој момент од Offline Book Club најмногу ќе ти остане во сеќавање?

- Кога на првата средба, по само 10 минути, членовите прашаа кога ќе биде следната.

*Што би му порачала на некој што размислува да се приклучи?

- Дека го очекуваат три исполнети часа, полни со убави дискусии и со нови познанства.

Брзи прашања

Физичка или е-книга? – Физичка

Обележувач или свиткано ќоше? – Обележувач

Кафе или чај (или вино/коктел)? – Кафе

Една книга или неколку паралелно? – Една, максимум две

Книжарница или библиотека? – Книжарница

Купување или подарок книги? – И двете, плус подарување

Омилена полица? – Книгите наредени по боја

Книга што никогаш нема да ја позајмиш? – „Хамнет“

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

20.
Jun.
#Bookstagram
Во свет каде што книгите сè почесто добиваат нов живот преку социјалните мрежи, книжевните заедници стануваат важен дел од современата читателска култ...
02.
Mar.
#Bookstagram
Секој збор, секоја реченица, секоја страница е залудно напишана ако не си го пронајде патот до своите читатели. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.43 MB