„Најсимпатичниот вампир што некогаш е создаден.“ – The Guardian
„Сечија омилена половина вампир, половина самовила.“ – Metro
Популарниот и повеќекратно наградуван серијал за малата вампир-самовила Исидора Мун, препознатлив по својот уникатен розово-црн визуелен свет, ги освои срцата на читателите низсветот.
Исидора Мун е половина самовила, половина вампир – и целосно уникатна! Таа е препознатлива по своите црно-розови фустанчиња со светки, по волшебното стапче со ѕвездичка, по магичните крилја и по своето најверно пријателче – Розовото Зајаче.
Оваа година во Велика Британија се одбележуваат десет години од првото појавување на оваа омилена хероина на книжарските полици. По тој повод, во интервју објавено од Oxford University Press, авторката и илустраторка Хариет Мункастер открива како настанала Исидора Мун и како изгледал процесот на создавање на овој незаборавен лик.
На македонски јазик досега се објавени 20 книги од серијалот „Исидора Мун“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
*Како би ги опишалe Исидора и нејзиниот свет со свои зборови?
Би го опишала како „слатка готика“ – спој на мрачни, шилести готски елементи со прскање на розова самовилска магија, што навистина го обожавам бидејќи сакам контрасти! Исто така се надевам дека светот на Исидора Мун има топла и пријатна атмосфера. Ставив многу страст во создавањето на тој свет, па се надевам дека тоа се чувствува.
* Што првично ја поттикна идејата за Исидора Мун?
Една од работите што ја поттикна идејата беше желбата да создадам книга во црно и розово, бидејќи навистина ги обожавам тие две бои заедно. Сакав да создадам лик што ќе живее во таков свет, и се покажа дека половина вампир, половина самовила е совршен спој за тоа!
* Што ја инспирираше дизајнерската и личната карактеризација на Исидора?
Почетниот дизајн произлезе од потребата да се вклопи во црно-розовиот свет – бев многу посветена на таа естетика. Во однос на личноста, сакав да биде блиска и препознатлива за читателите, за да можат да се замислат себеси на нејзино место. Затоа, иако е магично девојче, таа има исти грижи и проблеми како и децата: страв од стоматолог, проблеми со пријателства во училиште… само со малку повеќе магија.
* Кога почнувате нова книга за Исидора Мун, што прво ви доаѓа како инспирација?
Бидејќи светот веќе е добро воспоставен, не е тешко да се смислат нови идеи. Понекогаш инспирацијата доаѓа од мала ситуација – на пример, како семејството Мун би се однесувало на аеродром („Исидора Мун оди на одмор“) или од желба да ја нацртам во одредена облека штопотоа станува дел од приказната.
Работам и тесно со мојата уредничка Клер, која исто така дава идеи и предлози – таа е уредничката што гo започна целиот серијал, па светот го знае до совршенство!
* Како се промени Исидора од првата книга до денес?
Исидора помина низ многу авантури, запозна нови пријатели и научи важни лекции, но како лик не се промени многу од првата книга „Исидор Мун оди на училиште“.
Тоа е убаво за читателите бидејќи можат да ги читаат книгите по кој било редослед, а Исидора секогаш останува препознатлива и блиска.
* Дали имате омилена книга или момент од серијалот?
Мојата омилена книга е „Исидора Мун оди на свадба“. Многу уживав во цртањето на сите прекрасни цветни самовилски елементи и се гордеам со илустрациите.
Исто така ми се допаѓа што во приказната Исидора, Мирабела и Меденка се намалуваат и што истражуваат свадбена торта во форма на замок!
* Што сакате децата (и возрасните) да научат од приказните?
Се обидувам да им пренесам љубезни и позитивни пораки, особено кога Исидора се соочува со нови ситуации.
Една од главните пораки е дека она што нè прави различни може да биде наша најголема сила. Исидора е поинаква од своите соученици затоа што е половина вампир и половина самовила – и токму тоа ѝ дава уникатен поглед на светот.
Сите ние имаме свои уникатни карактеристики што нè прават посебни.
* Кои автори или илустратори ве инспирирале?
Секогаш ме фасцинираат приказни со мали луѓе – особено „The Borrowers“ од Mary Norton. Исто така ги обожавам книгите „Brambly Hedge“ од Jill Barklem, чии илустрации се неверојатно убави.
* Што значи за вас 10-годишнината на Исидора Мун?
Апсолутно магично! Не можам да верувам дека 10 години ја работам оваа прекрасна работа. Многу сум им благодарна на Oxford University Press што веруваа во Исидора, на издавачите во други земји, на книжарниците и најмногу на читателите што ги избраа моите книги.
* Дали постојат идни идеи за Исидора?
Иако имала многу авантури, сè уште имам нови идеи. Особено ми е забавно кога Исидора е со Мирабела – затоа што секогаш знаеш дека ќе има некаква беља, а тоа е многу забавно за пишување!
Интервју: Oxford University Press
Фото: Alexa Loy
Книгите од серијалот за Исидора Мун и Мирабела се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk