Култура

По романот „Семејни тајни“ снимена серија со Анет Бенинг и Сем Нил

20.07.2024.
По романот „Семејни тајни“ снимена серија со Анет Бенинг и Сем Нил
По романот „Семејни тајни“ снимена серија со Анет Бенинг и Сем Нил

Јаболкaтa никогаш не паѓаат далеку од дрвото... Со ова поговорка совршено се објаснува дејството на романот „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти. Но, тоа е и одличен опис и за серијата снимена по приказната во книгата.

Трилерите на Моријарти се покажаа како одлична подлога за интересни филмски и телевизиски остварувања. По нејзините книги се снимени добропознатите „Големи мали лаги“ и „Девет совршени туѓинци“. А најнова во низата е новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со Анет Бенинг, Сем Нил, Џејк Лејси и Алисон Бри во главните улоги.

Станува збор за мистериозна драма развиена од Мелани Марних, која беше премиерно прикажана на „Пикок“, на 14 март 2024 година. Епизодите ги режираа Крис Свини и Дон Шадфорт.

Во фокусот е брачниот пар тениски тренери, Стен Делејни (Сем Нил) и Џој Делејни (Анет Бенинг), кои го продаваат своето училиште и се подготвени да уживаат во пензионерскиот живот. Но, кога Џој исчезнува, нејзините четири деца се принудени да ја преиспитаат сликата на совршен пар што ја имале за нивните родители. Тогаш, семејните тајни ќе излезат на површина. Серијата има седум епизоди, секоја посветена на еден член на семејството и една заедничка за сите Делејни. Серијата досега доби поделени критики.

Интернационалниот бестселер „Семејни тајни“ на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, како и романите „Три желби“, „Девет совршени туѓинци“ и „Последната годишнина“.

„Семејни тајни“ отвора морална дилема – доколку исчезне вашата мајка, дали ќе пријавите во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е вашиот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата браќа и сестри од семејството Делејни.

Делејни се столб во својата заедница. На Стен и Џој им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат прочуената тениска академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно?

Нивните деца – Ејми, Логан, Трој и Брук – биле тениски ѕвезди во детството, но, според нивниот татко, никој од нив го немал она што е потребно за да оди докрај. Сепак, тоа е во ред, особено сега кога се возрасни и реализирани луѓе со прекрасна можност за внуци на повидок.

Една вечер, непозната девојка по име Савана тропа на вратата на Стен и Џој, раскрвавена по расправијата со момчето. Делејни се и повеќе од среќни да помогнат. Ако тоа е сè што бара таа.

Подоцна, откако ќе исчезне Џој, а Савана е тешко да се најде, полицијата ја испрашува единствената личност која преостанува: Стен. Но, за некој што тврди дека е невин, тој, како и многу сопрузи, изгледа дека крие нешто. Двајца од децата Делејни мислат дека татко им е невин, а двајца не се толку сигурни. Двете спротивставени страни го имаат најголемиот меч кога било, да ја преиспитаат семејната историја во една нова светлина.

Оваа мистерија се расплетува во фрагменти – каде е и исчезнато тело? Но, секој сведок има своја страна на приказната. Книгата се препорачува за сите љубители на мистерии, трилер и крими-романи.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/krimitriler/52396-semejni-tajni

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
590 МКД
9,55 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Aug.
Филм
Филмот Маестро“ е инспириран од биографијата „Леонард Бернштајн“ од Хемфри Бартон во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс...
17.
Aug.
Филм
Ако барате топла, забавна и инспиративна приказна за гледање со најмладите, тогаш филмот „Флора и Улис “ е одличен избор!
10.
Aug.
Филм
Ако сè уште не сте ја гледале „Дамски гамбит“, време е да ја додадете на вашата листа – не само како серија, туку и како книжевно де...
01.
Aug.
Филм
За сите обожаватели на мистериите и книгите на Агата Кристи, овој викенд ја препорачуваме серијата „Госпоѓица Марпл“
27.
Jul.
Филм
Ако сте љубител на семејни драми преплетени со тајни од минатото, топло ви ја препорачуваме новата телевизиска адаптација „Последната годишнина“,...
20.
Jul.
Филм
Фантастичниот свет создаден од Филип Пулман во трилогијата „Темната граѓа“ оживеа на малите екрани во ТВ-серијата „Неговата темна граѓа&ldq...
13.
Jul.
Филм
Сите млади љубители на научно-фантастичните авантури овој викенд можат да уживаат во филмот „Артемис Фаул“, снимен според истоимениот роман за мл...
06.
Jul.
Филм
Светскиот бестселер „Девет совршени туѓинци“ од Лијан Моријарти, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публика...
01.
Feb.
Филм
Возбудливата историска приказна од интернационалниот бестселер „Минхен“ од Роберт Херис е подлошка за филмот „Минхен: Работ на војната&ldqu...
25.
Jan.
Филм
Книжевниот класик на Џек Лондон „Повикот на дивината“ доби возбудлива филмска адаптација, со Харисон Форд во главната улога. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.45 MB