Култура

Трето издание на „Видик“ од 25 март до 8 април во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

19.03.2026.
Трето издание на „Видик“ од 25 март до 8 април во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
Трето издание на „Видик“ од 25 март до 8 април во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

 

Со особена чест го најавуваме третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“, што ќе се одржи од 25 март до 8 април 2026 година, во организација на „Литература.мк“. Со креативна фузија на повеќе области на културата, фестивалот „Видик“ отвора нови видици, давајќи значајна поддршка на авторите и уметниците од различни области на културното творештво во нашата земја.

Во книжарницата „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, ќе се одржат промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, филмска проекција и донаторски настан, со што фестивалот повторно ќе понуди динамична и разновидна културна програма за пошироката публика.

Фестивалот ќе биде отворен на 25 март (среда), во 19 часот, со промоцијата на книгата „Филмската пропаганда во дигиталната ера“ од Сашо Кокаланов. Модератор на настанот ќе биде Оливера Ќорвезироска, а во улога на промотори ќе бидат Елеонора Венинова, Владимир Блажевски и Отец Пимен. Следниот ден, во 21 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи концерт на еден од најактуелните алтернативни бендови кај нас – „Фанк шуи“.

Програмата опфаќа повеќе книжевни промоции, често во комбинација со театарски или музички изведби. Така, книгата „Театарски приказни“ од Митко Бојаџиски ќе биде проследена со актерска изведба на Светскиот ден на театарот (27 март), по што ќе следува џез-концерт на Night And Day Quartet во состав: Јани Костурски, Оливер Јосифовски, Бојан Петков-Шамба и Павел Ренџов.

На 28 март ќе се одржи и донаторскиот настан поврзан со книгата „Облеката и модата, од праисторијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ, во организација на „Ротари клуб Скопје Центар“.

 На 1 април е најавена и проекција на историскиот трилер „Бранови“, еден од најгледаните чешки филмови во поновата кинематографија. Настанот се реализира во соработка со Амбасадата на Република Чешка во Македонија. По проекцијата ќе се одржи концерт на Skopje Jazz Inc., во состав: Трајче Велков (труба), Горан Гешоски (бас-гитара), Зоран Костадиновски (гитара) и Виктор Филиповски (тапани).

Следниот ден, по повод 21 година од објавувањето на неговиот прв албум, популарниот рапер Тони Зен ќе претстави нов премиум-сет, односно кутија што содржи два албума на винил и две стихозбирки. Настанот „Изборот на Тони Зен“ ќе биде збогатен со настап во живо на раперот со неговиот бенд.

 На 3 април концерт ќе одржи познатиот трубач, композитор и бенд-лидер од Белград, Павле Михаиловиќ - претставник на новата генерација балкански џез-музичари кои ги поместуваат границите на современиот џез. Пред публиката во Скопје, тој со својот бенд премиерно ќе ја претстави музиката од претстојниот албум „New Balkan Jazz“, носејќи енергичен и современ спој на импровизација, грув-ритми и балканската музичка традиција.

Следниот ден (4 април) публиката ќе ужива во промоција на книжевното издание „Во тивок модус“ (In a Quiet Mode) од Јана Андреевска, што ќе биде проследено со пијано-изведба на Дино Имери. На 6 април е закажана промоцијата на новиот трилер од новинарот и автор Сашо Кузмановски – „Луѓе-сенки“ (во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“), со кој се заокружува трилогијата за инспекторот Џовани.

Во рамките на „Видик“, љубителите на театарот ќе можат да ги проследат: дуодрамата „Љубовни писма“ со Игор Ангелов и Верица Недеска на 30 март, како и интерактивната дуодрама „Те чекам“ во режија на Изабела Јакимова, со Гоце Андонов и Ангела Лефкова во носечките улоги, на 7 април. На претпоследниот фестивалски ден ќе се одржи концерт на џез-составот Parussion Group.

За крај на третото издание, на 8 април, ќе се одржи концертна промоција на книгата „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст“ од Вера Милошевска, вокалистката на еден од најпрепознатливите македонски етно-состави „Љубојна“. Во продолжение на вечерта ќе се одржи и настап на „Вера Милошевска трио“, со Бранислав Николов како специјален гостин.


*Присуството на музичките настани и театарските изведби ќе се достапни во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“ и на www.literatura.mk.

*Со секоја влезница следува подарок. За влезниците купени онлајн потребно е да прикажете потврда за нарачка на каса, каде што ќе ја добиете печатената влезница со подарок која потоа ја приложувате на влезот.

Целосната програма на „Видик“ може да ја проследите на следниот линк: 

https://www.literatura.mk/vidik

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

15.
Nov.
Филм
„Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс првпат е објавена во 1843 година и повеќе од 180 години подоцна сè уште ја задржува својата актуелност.
08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.2 MB