Филм

Препорака за серија според книга: Музичко патување во лудите 70-ти со „Дејзи Џонс енд Д сикс“

18.01.2025.
Препорака за серија според книга: Музичко патување во лудите 70-ти со „Дејзи Џонс енд Д сикс“
Препорака за серија според книга: Музичко патување во лудите 70-ти со „Дејзи Џонс енд Д сикс“

Хит-книгата „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд е инспирација за ТВ-серијата со десет продолженија на „Амазон прајм видео“. Креатори на серијата се Скот Нојстадер и Мајкл Х. Вебер, а еден од продуцентите е познатата актерка Рис Витерспун, која воедно е и една од најголемите поддржувачи и промотори на книгата на Тејлор Џенкинс Рејд. Во главната улога како Дејзи Џонс се појавува младата актерка Рајли Кео, која всушност е внука на кралот на рокенролот – Елвис Присли. Сем Клафлин го игра Били Дун, Камила Мороне ја толкува Камила Дан, а Суки Вотерхаус е Карен Сирко. Во другите улоги се: Набија Би, Вил Харисон, Џош Вајтхаус, Себастијан Чакон, Том Рајт и Тимоти Олифант.

Романот „Дејзи Џонс енд Д сикс“, кој во 2020 година беше избран за наслов на годината според најголема светска заедница на љубители на книгите „Гудридс“ (Goodreads) и беше бестселер на „Њујорк тајмс“, на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Дејзи Џонс енд Д сикс“ ја следи приказната на популарен рок-бенд во седумдесеттите години, од нивниот подем на музичката сцена во Лос Анџелес до станување еден од најлегендарните бендови во светот, истражувајќи ја причината за нивната разделба на врвот на нивниот успех. Авторката Тејлор Џенкинс Рејд има изјавено дека приказната била делумно инспирирана од нејзините искуства додека растела и гледајќи ги изведбите на рок-групата „Флитвуд мек“ на телевизија. Иако приказната во романот е раскажана многу реалистички, во стил на документарец, со сведоштва на членовите на бендот, сепак станува збор за фикција. Дејзи Џонс и групата „Д сикс“, иако се измислени, во детали и многу вивидно ја доловуваат суштината на развратот во дивите седумдесетти години на минатиот век.

Во книгата авторката вели: Сите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“. Нивниот албум „Аурора“ ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година... сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа дека клучот на успехот е во нивното спојување. Она што следува понатаму станува легенда...

Книгата „Дејзи Џонс енд Д сикс“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Mar.
Филм
Постојат приказни што со векови тивко чекаат некој да им го даде гласот што го заслужуваат. „Хамнет“ од Меги О’Ферел е токму таква приказна...
01.
Mar.
Филм
„Приказната за Десперо“ е повеќе од детска бајка. Таа отвора теми за прифаќањето на различностите, храброста да се биде свој и моќта на емпатијат...
22.
Feb.
Филм
Еден од најголемите книжевни класици, кој оставил трајно влијание во светската литература, е безвременскиот роман Гордост и предрасуда од Џејн Остин.
15.
Feb.
Филм
Во 2026 година се одбележуваат 25 години од почетокот на филмската франшиза за „Хари Потер и каменот на мудроста“, која во 2001 година ја донесе ...
08.
Feb.
Филм
Култниот роман на Вилијам Голдинг од 1954 година, „Господарот на мувите“, доби нова и моќна телевизиска адаптација.
31.
Jan.
Филм
Во анимираниот филм „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, овој класичен лик добива сосема нова, подлабока и помрачна димензија.
25.
Jan.
Филм
Ако барате нежна, магична и поучна серија за деца – инспирирана од омилените детски книги - „Исидора Мун прави зимска магија“ е вистинскиот...
18.
Jan.
Филм
Романот „Хамнет“ е едно од најнаградуваните книжевни дела во последните години – светски бестселер, добитник на престижни награди. 
11.
Jan.
Филм
Љубителите на напнати трилери на почетокот на оваа година можат да уживаат во новата серија на стриминг-сервисот „Нетфликс“ – „Бегај&...
04.
Jan.
Филм
Овој празничен викенд ви го препорачуваме анимираниот филм „Кралицата на Срцата го забрани Божиќ“, во режија на Питер Бејнтон, кој е инспириран о...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.01 MB