Филм

Препорака за серија: „Дамски гамбит“ – шаховска партија на животот

10.08.2025.
Препорака за серија: „Дамски гамбит“ – шаховска партија на животот
Препорака за серија: „Дамски гамбит“ – шаховска партија на животот

Ако сè уште не сте ја гледале „Дамски гамбит“, време е да ја додадете на вашата листа – не само како серија, туку и како книжевно дело. Најгледаната ТВ-серија на „Нетфликс“ за 2020 година не само што го направи шахот повторно „ин“, туку ја врати во фокусот и истоимената книга од Волтер Тевис, која е достапна и на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Серијата, составена од седум епизоди, ги освои сите важни телевизиски награди, а Ања Тејлор-Џој, која маестрално ја толкува главната улога, стана актерска сензација. Но, зад визуелниот спектакл и суптилната глума стои силна приказна која потекнува токму од романот – психолошки слој по слој раскажан портрет на една генијалност и нејзините последици.

„Дамски гамбит“ ја следи животната приказна на Бет Хармон – осумгодишно сираче кое тивко живее во сенка, сè додека не го открие светот на шахот. Во шахот, Бет не само што наоѓа утеха и смисла, туку и развива способност што ја води кон меѓународна слава. Но, патот до успехот не е ни малку лесен: нејзиниот генијален ум ја води низ тензични натпревари, но и низ лични демони, зависности и внатрешна борба.

Сместена во педесеттите и шеесеттите години, приказната го отсликува патријархалниот свет во кој млада жена се пробива на терен каде што доминираат мажите. Бет не се бори само на таблата 8×8, туку и со ограничувањата на општеството, со траумите од детството и со сопствените стравови.

Иако „Дамски гамбит“ е наречена по шаховски потег, оваа серија – и книгата – се многу повеќе од стратегија и интелект. Тоа е длабока и емотивна приказна за издржливост, самопронаоѓање и женска сила. За сите љубители на добри драми, психолошки комплексни ликови и силни женски протагонисти, ова е вистинскиот избор.

Книгата „Дамски гамбит“ од Волтер Тевис е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
23.
Aug.
Филм
 Меѓу најпознатите книжевни ликови се Том Соер и Хаклбери Фин, создадени од Марк Твен, чии доживувања добија и современа филмска адаптација - „Ава...
09.
Aug.
Филм
„Легенда за сонливата долина“ од Вашингтон Ирвинг и денес се смета за едно од најзначајните дела на американската готска литература, а нејзината ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.09 MB