Филм

Препорака за филм според книга: „Флора и Улис“ – забава за целото семејство

17.08.2025.
Препорака за филм според книга: „Флора и Улис“ – забава за целото семејство
Препорака за филм според книга: „Флора и Улис“ – забава за целото семејство

Ако барате топла, забавна и инспиративна приказна за гледање со најмладите, тогаш филмот „Флора и Улис “ е одличен избор! Овој филм, базиран на наградуваната книга „Флора и Улис: Возбудливи авантури“ од Кејт Дикамило, ги носи гледачите во светот на десетгодишната Флора и нејзиниот неочекуван пријател – верверичката Улис.

Ова е совршена приказна што ќе ве насмее, ќе ве разнежни и ќе ве потсети дека хероите доаѓаат во сите облици – понекогаш дури и како верверички.

Во режија на Лена Кан, со сценарио на Бред Копленд, филмот донесува идеална рамнотежа меѓу авантура, хумор и емоции. Улогата на Флора ја толкува талентираната Матилда Лолер, а нејзините родители ги играат популарните Алисон Ханиган и Бен Шварц.

Сѐ почнува со една несреќна средба со правосмукалка, по што верверичката Улис открива дека има суперхеројски способности. Флора, која е љубител на стрипови и малку цинична, е одлично подготвена за да го следи новиот херој – и да ја почне најголемата авантура во својот живот. Нивното пријателство отвора врати за нови надежи, сочувство и вистинска промена.

„Флора и Улис: Возбудливи авантури“ е дело на американската писателка на детска фикција  - Кејт Дикамило.  Дикамило е  една од шесте автори кои добиле два медала „Њубери“ за романите „Приказната за Десперо“ и „Флора и Улис“. Таа воедно била и американски амбасадор за литература за млади назначена од Конгресната библиотека во 2014/2015 година. Се има најдено и на првото место како најпродавана писателка на листата на престижниот весник „Њујорк тајмс“.

 Оваа нејзина книга е исполнета со ексцентрични и шармантни карактери и е конципирана во нов и возбудлив формат. Книгата на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

23.
Aug.
Филм
 Меѓу најпознатите книжевни ликови се Том Соер и Хаклбери Фин, создадени од Марк Твен, чии доживувања добија и современа филмска адаптација - „Ава...
09.
Aug.
Филм
„Легенда за сонливата долина“ од Вашингтон Ирвинг и денес се смета за едно од најзначајните дела на американската готска литература, а нејзината ...
26.
Jul.
Филм
Романот „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, и денес се смета за еден од најдобрите и најпродавани криминалистички романи на сите вре...
19.
Jul.
Филм
Постојат книги што не завршуваат со последната страница и филмови што продолжуваат да живеат во мислите долго по одјавната шпица. Таков е „Тивкиот Амер...
12.
Jul.
Филм
Вљубениците во детективските авантури и мистериите повторно имаат причина за возбуда – на големото платно се враќа една од најомилените млади детективк...
05.
Jul.
Филм
Шпионските приказни ретко се сведуваат само на тајни мисии и на возбудливи акции. Во делата на Џон ле Каре тие се пред сè приказни за луѓето, за нивни...
10.
May.
Филм
Книжевниот класик „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, објавен во 1943 година, и денес важи за едно од највлијателните дела во светската ли...
05.
Apr.
Филм
Приказната за Мери Попинс е едно од најшармантните и најволшебни дела во детската литература.
27.
Mar.
Филм
Романот „Драг Едвард“ од Ен Наполитано, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“, е едно од оние дела...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.99 MB