Литература

Го одбележуваме роденденот на Агата Кристи со најинтересните факти од нејзиното творештво

15.09.2023.
Го одбележуваме роденденот на Агата Кристи со најинтересните факти од нејзиното творештво

На денешен ден (15 септември) во 1890 година е родена славната британска писателка на детективски романи – Агата Кристи. Огромната популарност на делата на Агата Кристи е забележана и во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван и најпреведуван автор на сите времиња. Денес, повеќе од еден век од почетокот на нејзиното творештво, сè уште постои огромен интерес за нејзините дела и се создаваат нови генерации нејзини посветени читатели.

Потсетувајќи се денеска на роденденот на Агата Кристи, споделуваме неколку интересни факти за нејзиното творештво.

 

Кога се појавува првата книга на Агата Кристи?

Својата прва книга, „Мистериозниот случај во Стајлс“, Кристи ја има напишано во 1920 година, по што следеле повеќе од 70 романи и збирки раскази за време на нејзиниот живот, а многу од нив се сметаат за класици на жанрот мистерија.

 

На колку јазици се преведени делата на Агата Кристи?

Делата на Кристи се преведени на повеќе 100 јазици, а повеќето од нив се адаптирани за на сцена, филм и ТВ.

 

Кој е најпродаваниот роман на Агата Кристи?

Најпродаваниот роман на Агата Кристи е „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година. Во ова дело се работи за десет личности кои не се познаваат меѓу себе, а кои се поканети на изолиран остров. Пристигнувајќи на островот, еден по еден почнуваат мистериозно да умираат. Овој роман е преточен во повеќе филмски адаптации, како и во успешни драмски претстави.

 

Која е најчитаната книга на Агата Кристи?

Најпопуларниот роман на Агата Кристи е веројатно „Убиство во Ориент Експрес“, кој за првпат бил објавен во 1934 година. Романот го следи детективот Херкул Поаро додека истражува убиство во луксузниот воз Ориент експрес. Оттогаш, романот е адаптиран во неколку филмски и телевизиски адаптации, како и во успешна сценска претстава.

 

Koи се најпознатите романи на Агата Кристи со г-ца Марпл во улога на детектив?

„Мртво тело во библиотеката“ и „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“ се двa од вкупно 12 романи и 20 раскази каде се појавува ликот на Џејн Марпл во улога на детектив успевајќи да ги реши случаите на убиства кога на полицијата не ѝ успева. Познато е дека овој лик Агата Кристи го изградила делумно врз ликот на сопствената баба, како и нејзините пријателки.

 

Во кој роман ликот на Херкул Поаро се сретнува за последен пат?

Последниот роман во кој се среќава ликот на Поаро е „Завеса: Последниот случај на Поаро“ објавен во 1975 година, но напишан многу порано, за време на Втората светска војна. Агата Кристи овој роман го пишува како подарок за нејзината ќерка и го чува во банкарски сеф повеќе од 30 години. Овој роман нуди еден мошне возбудлив, прониклив и вешто смислен заплет со драматичен крај.

 

Кои 5 дела на Агата Кристи се сметаат за задолжително четиво за секој љубител на овој вид литература?

 

Убиството на Роџер Акројд

Мртво тело во библиотеката

„И не остана ниту еден“

„Убиство во Ориент експрес“

„Азбучните убиства“

 

Агата Кристи фасцинира со својата проникливост и способност да раскажува мистерии. Всушност, и нејзиниот живот бил мистерија. Сѐ уште е неразјаснето нејзиното неколкудневно исчезнување, по разделбата со својот прв сопруг, кога ѝ се губи секаква трага… Но, потоа се враќа и продолжува со животот. Притоа, никогаш не објаснила што ѝ се случило. Затоа, според многумина – книжевна мистерија од Агата Кристи што најмногу ќе ве обземе е всушност нејзината сопствена автобиографија, која исто така е објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

 

Сите книги се достапни во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/link/yhQGLzul86 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
380 МКД
6,15 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

28.
Sep.
Литература
„Списокот за читање“ е приказна за двајца осамени луѓе чија заедничка карактеристика е, иронично, што ниту едниот ниту другиот немаат никако...
21.
Sep.
Литература
На денешен ден, 21 септември, во 1947 година е роден кралот на хоророт – Стивен Кинг. Тој е автор на повеќе од 65 книги.
15.
Sep.
Литература
На денешен ден, 15 септември, во 1984 година е роден Хенри Чарлс Алберт Дејвид, познат како принцот Хари. 
04.
Sep.
Литература
Во „Брачниот портрет“ влегуваме во испаничениот ум на една тинејџерка која знае дека нејзиниот сопруг планира да ја убие. За неколку месеци таа ќ...
30.
Aug.
Литература
„Станот во Париз“ е роман кој се наоѓа на тромеѓата на серијата „Само убиства во зградата“, друштвената игра...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.1 MB