Рецензии

„Малибу во пламен“— Жар помеѓу пепелта

10.10.2026.
„Малибу во пламен“— Жар помеѓу пепелта
„Малибу во пламен“— Жар помеѓу пепелта

Ова не е приказна за семејството Рива. Ова е приказна за Малибу, за дивото крајбрежје пред да биде припитомено во седло на елитата и од зависниците од адреналин. Како и во секој роман на Рејд, така и во „Малибу во пламен“, таа носи нова персонализирана нарација– приказната е раскажана во текот на едно деноноќие, на денот на фамозната забава на Нина Рива, со попатни хронолошки застанувања во 60-тите и 70-тите, децениите на рокенрол урнебесот.

Повторно, во центарот на случувањата, е силен женски глас. Нина Рива е позната сурферка, постер-девојка, првородената ќерка од фарсата наречена брак на нејзините родители. Иако јавноста ги познава како деца на Мик Рива, Нина гради слава и свет далеку од сенката на нејзиниот недоветен и инфантилен татко кому хедонизмот му бил пред родителството. Растејќи со емоционалниот пустош што неговото напуштање го оставило, се надева дека никогаш нема да зачекори по патеката што Џун и Мик ја поплочиле со грешки. Но, очекувањата се само празни мешунки  ‒Нина е сред бракоразводна парница со неверниот тенисер Брендон Рандал. За првпат во своите дела, Рејд поврзува два главни ликови - Кери Сото, љубовницата, и Нина Рива, сопругата. Иако Мик Рива латентно ги подврзува сите книги, така што тој е третиот сопруг на Евелин Хуго, епизодно се појавува во „Дејзи Џонс енд Д сикс“,  а во овој роман е стожерот на случувањата.

Четирите деца на Мик се снаодливи, успешни, популарни и единствено заедничко им е што го мразат татко им. Психологијата на преживување по трагедија остава неизбришлива трага во нив и копнежот по емотивна одмазда ги турка напред. Тие растеле со сликата на пожртвуван родител ,кој ,за жал, прерано го отплатил данокот на „како да се преживее Мик Рива“. Но иако се сплотени благодарение на омразата, сите тие чуваат мрачни тајни еден од друг, а привидната блискост станува неизбежна далечина кога тајните се претвораат во факти.

Роман на Рејд што одлично го отсликува „обичниот“ живот пред да се размножат атомите на славата и на несреќата што не ги заобиколува богатите. Товарот и траумите од детството остануваат без оглед што Нина има можност да ги подели со преостанатите. Луксузот и ласкањето не се доволни ментално да излезе од ресторанот „Ривас сифуд“ и да изветрее мирисот на вотка со сок од црвен грејпфрут и боровница. Во борбата да ги изнесе браќата и сестрата на правиот пат, Нина се заборава себеси. Но, семејството Рива чува неизгаснат жар помеѓу пепелта… Љубовта што ги издигнува по секој пораз.

„Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.

Јована Матевска Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 480 МКД
7,77 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Sep.
Рецензии
Лоти е симпатична седумдесетгодишна бабичка што ги претоплува остатоците од вечерата, игра бинго и томбола и оди на миса во црквата „Првиот завет&ldquo...
12.
Sep.
Рецензии
„Случајно Ејми“ е слатка романса, напишана во манирот на модерните врски што напоредно созреваат со растењето на ликовите.
22.
Aug.
Рецензии
Берис Беј. Магично гратче во Онтарио сместено покрај езерото Каманискег, вечен споменар на децата и на тинејџерите: врежани иницијали на клупи и на стебла, м...
08.
Aug.
Рецензии
Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи...
30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.56 MB