Литература

„Списокот за читање“- Мистериозните конци на книгата

22.11.2023.
„Списокот за читање“- Мистериозните конци на книгата
„Списокот за читање“- Мистериозните конци на книгата

Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова

Две семејства, традиционално и модерно, кои се чини како да ги смениле улогите, осум книги и еден список за читање.

Списоците се неизбежен дел од рутината и организацијата, скромни мисловни тетоважи за да не ни избега сегашноста. Составуваме списоци со имиња за нашите неродени деца, кога пазаруваме, составуваме чек листи, списоци на книги кои сакаме да ги купиме, книги кои планираме да ги читаме…Списокот е неодрастен калап на современото општество.

Мукеш Пател е Кениец, со место на живеење во Вембли, чија сопруга починала неодамна. Има три ќерки и внуци, кои ретко кога ги гледа, секоја затрупана со обврските и потребите на нуклеарното семејство. Тие редовно телефонски се слушаат со својот татко и му оставаат гласовни пораки, но нивниот глас не е доволен да ја пополни празнината во срцето на старецот која се отворила по смртта на понежната половина, а очигледно започнала да му ја разнишува самодовербата и душевната стабилност. Од друга страна, семејството на Алиша е целосно посветено на мајката Лејла која страда од неименувани ментални тегоби. Ејдан и Алиша не водат безгрижен живот како врсниците, преземајќи ја улогата на жртви и дадилки, се тркаат со времето, да го прилагодат распоредот спрема побарувањата на Лејла.

Во животот на главните и споредни ликови мистериозно се појавува список за читање, составен од стари и нови класици: „Да се убие птицата подбивница“, „Ребека“, „Ловец на змејови“, „Животот на Пи“, „Гордост и предрасуди“, „Малите жени“, „Љубена“ и „Достојно момче“.

За безволниот Мукеш, асимилиран Англичанец, нескромниот универзум на литературата се отвора по откриениот примерок на „Жената на временскиот патник“. Во чест на хобито кое на неговата Наини дејствувало како утринска медитација, Мукеш им дава шанса на книгите, со резерва и претпазливост, без да знае дека книжевната авантура ќе биде негова душевна реинкарнација, а списокот-храмот помеѓу чии врати ќе се исповеда.

Во романот со класичен пристап се воспева исцелителната моќ на книгата, потсвесните избори кои зависат од поистоветување на читателот со ликовите. Несомнено, читањето е психотерапија што ги лекува депресивните и анксиозните, книгата е другар и доктор, книгата е проекција и патување, особено кога насловите се внимателно избрани како органски намирници во потрошувачка кошничка за да ги задоволат потребите на одреден психолошки дефицит, било тоа да е осаменоста или стравот.

Списокот волшебно ги поврзува читателите од библиотеката „Хероу Роад“ , тој станува група за поддршка, ги соочува и седнува на тркалезна маса без храброста да се настапи пред непознати и да се изложат интимните проблеми. Секој пронаоѓач на овој список гледа како на персонализиран душевен автопилот кој притоа му дарува посебна моќ. Колкумина бараат препораки за преобразувачки книги? Што доколку една ви влета во рацете, ве допре длабоко и ве натера од корен да го промените животот? Дали оваа порака ќе ја протолкувате како случајност или судбина?

Очигледно, во списокот за успешно деби авторката ги штиклирала сите квадратчиња и точно знае што е потребно за книжевната индустрија да исфрли бестселер. Нагласувајќи ја потребата за списоци, Ниша напишала бајковит ракопис за суштината на книгите

Алиша и Мукеш стануваат пријатели по книга, проширено семејство, нивното пријателство по прочитаните препораки се продлабочува, дотолку, што животите им се вкрстуваат. Мукеш во Алиша го бара вниманието од внуката Прија и ќерките, а Алиша компензира за отсуството на татко. Но дали проблемите се едноставно решливи како во расплет на книга или фабулата на пријателство ќе им понуди горчлив коктел од вистини и прифаќање, игнорирајќи го фактот дека светот не завршува, не застанува кога двете корици ќе се преклопат. И кој стои зад списокот: дали е тоа загадочниот читател на крими-трилери, срдечниот Кајл, зафатениот Ејдан или тоа е збунетата тинејџерка Алиша?

 Списокот кружи неколку години, отстојува помеѓу страниците кои мирисаат на влага и кафе, шета по маркетот и по улиците, носен од чевли, ветрови и џебови, закачен е на огласна табла, сѐ за крајната цел, да ја исполни причината за која првенствено бил создаден.

 

Јована Матевска Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 330 МКД
5,34 EUR
Заштеда 33%
490 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

31.
Jan.
Рецензии
Во „Хамнет“ Меги ОʼФерел не го деградира големиот поет и драматург, туку го намалува неговото значење, го приземјува генијот до човек.
24.
Jan.
Рецензии
Брутална и освестувачка, Серл со „За пет години“ излегува од лајсната на жанрот и упатува моќна порака: „Живеј со полна пареа, без каење и ...
17.
Jan.
Рецензии
Најновото остварување „Атмосфера“ на Тејлор Џенкинс Рејд е можеби најкомплексното во нејзиното досегашно творештво.
27.
Dec.
Рецензии
Париз. Шарен, занесен, епицентар на мода, гастрономија и архитектура, Ајфеловата кула и Монмартр, кроасани, јазикот на љубовта, но и на многу скриени злостор...
11.
Oct.
Рецензии
Секогаш е нова книжевна авантура кога читателот се впушта во дело на Тејлор Џенкинс Рејд. 
06.
Sep.
Рецензии
Во време кога социјалните мрежи се погласни од докторите и нутриционистите и диктираат лажна слика за идеална фигура и тежина, овој роман не треба да го одми...
25.
Aug.
Рецензии
Додека бестселер-побарувачката полека ги брише книжевните ерудити, на литературната сцена недостигаше богатиот, збиен Маркесов стил во кој единствено накитен...
05.
Aug.
Рецензии
Уште од самиот почеток романот „Тајната книга на Флора Лиа“ суптилно навестува нарација што ќе ги помести границите на сите повоени и поствоени к...
10.
Jun.
Рецензии
Романот на Рис Боуен е топла и вртоглава приказна за Втората Светска Војна, што се случува во руралниот дел на Кент.
18.
May.
Рецензии
Франческа Медоуз, наследничката на имотот „Дворецот", сместен на магичната обала на Дорсет, со бескрајни диви песочни плажи кои граничат со високи...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.02 MB