Литература

Екранизиран романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“

24.11.2023.
Екранизиран романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“
Екранизиран романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“

На „Нетфликс“ од овој месец се прикажува мини-серијата во четири продолженија насловена како „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, базирана на истоимениот роман на Ентони Дор – добитник на Пулицеровата награда.

Романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“ се наоѓа на листата на 25 најдобри книги на „Њујорк тајмс“. Преведена е на 30 јазици со тираж од 1,5 милиони продадени примероци.

Сценариото на ТВ-серијата базирана на овој роман го потпишува Стивен Најт, креаторот на планетарно популарната серија „Пики блајндерс“, а режисер е Шон Ливи („Ноќ во музејот“).

Дејството се одвива во Втората светска војна. Мари Лор е тинејџерка од Франција, која праќа шифрирани радиопораки на сојузничката команда за бомбардирање, а Вернер е млад нацистички радиотехничар кој има задача да ù влезе во трага додека паѓаат бомби и се приближуваат американските трупи.

Американската актерка Арија Миа Лоберти, која ја глуми Мари Лор, е слабовидна од раѓање. Ова е нејзина дебитантска улога, а ја добила по глобалната потрага по слепи и слабовидни актерки.

Мари Лор и Вернер ги поврзуваат многу нешта. И двајцата се соочиле со предизвици (таа е слепа, тој детството го поминал во сиропиталиште) и двајцата се силни, снаодливи личности. Вернер е вундеркинд, а сетилата за допир, мирис и слух на Мари се извонредни.

Имаат и заеднички ментор, анонимниот емитер по име Професорот, чии лекции, вклучувајќи ја и онаа дека „најважната светлина на светот е онаа што не можете да ја видите“, помогнала во формирањето на нивните карактери.

Мари Лор има две татковски фигури во својот живот: нејзиниот биолошки татко (Марк Рафало), кој прави сложени макети на квартовите за да може таа да ги запамети улиците; и вујкото (Хју Лори), херој од Првата светска војна, кој не го напуштил својот дом цели 20 години.

ТВ-адаптацијата на романот на Дор во некои сегменти отстапува од оригиналот. Сменета е судбината на главните ликови и некои од споредните ликови се потполни исфрлени. Но, тоа не влијаеше на популарноста на серијата што за само три дена стана една од најгледаните содржини на „Нетфликс“.

Романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“ од Ентони Дор е достапен со попуст од 70% во рамки на „Black Week“ акцијата во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку следниот линк: https://www.literatura.mk/istoriska-fikcija/10153-seta-svetlina-sto-ne-mozeme-da-ja-vidime.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 500 МКД
8,09 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Aug.
Рецензии
Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи...
30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
03.
Apr.
Рецензии
Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување.&...
23.
Mar.
Рецензии
Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.05 MB