Литература

„Брачниот портрет“- Аберации на љубовта

18.12.2023.
„Брачниот портрет“- Аберации на љубовта
„Брачниот портрет“- Аберации на љубовта

Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова

„Matrimonio all’improvviso, o inferno o paradiso.[1]

-Италијанска поговорка-

Доколку ве интригираат духовите кои останале затворени зад тешките порти на дворците, нераскажаните приказни распнати помеѓу луксузот и несреќата, тајните исшепотени од послугата и слушнати само од ѕидовите и мртовците, тогаш прошетајте низ секоја педа од темниот акварел на „Брачниот портрет“.

За време на ренесансата, дел од историјата кога уметноста била префинета и значајна, било помодарство да се сликаат портрети од секој член на семејството, а тоа секако, го можеле само аристократите. Еден таков е и портретот на Лукреција Медичи, која на свои шеснаесет години веќе била мажена жена и duchessa на дворот во Ферара.

Меги О'Ферел ги подврзува капиларите на историјата и фикцијата и дозволува на двете да протечат слободно во едно епохално дело, какви што впрочем се и нејзините досега издадени, барем во дометот на жанрот „историска фикција/романизирана биографија“. За влијателната фамилија Медичи историчарите напишале долги анали, но неретко во центарот на овој моќен фирентски столб се става Катерина Медичи, француска кралица и сопруга на Хенри II. Сепак, писателката амбиција на O'Ферел не е да ги следи веќе прочитаните и истражени литературни катчиња, туку да отскокне од нормата.

Во „Брачниот портрет“ пред читателот се раздиплува генограмот на тосканскиот војвода Козимо I и Eлеонора од Толедо. Судбините на нивната многубројна рожба биле предвидени уште од раѓање–женските деца ќе се омажат за наследниците од блиската лоза или ќе послужат како врска за зближување на две моќни територии и кралства, додека пак машките деца се образувале и учеле на вештините на војувањето. Иако Лукреција од мала покажувала чудни и несвојствени афинитети, но и темперамент што не бил најдобар репрезентативен примерок на оваа моќна „куќа“, таа е ветена за вереникот на прерано починатата сестра Марија, убавиот Aлфонсо II, војвода на Ферара.

Од самиот почеток идејата да замине од татковата куќа за да стане сопруга ѝ е одбивна, сепак со помош на итрината на дадилката Софија таа добива неколку месеци предност да се посвети на својата страст кон цртањето и бескрајното мечтаење. Дали ова ќе ѝ помогне да се подготви за улогата што ѝ следува? И зошто одеднаш, бујната фантазија фалсификува верзија дека нејзиниот сопруг, војводата, се обидува да ја убие?

Набрзо ѝ станува јасно дека привилегијата да се биде ќерка од благородничка линија и жена на војвода не е иста. Во татковата куќа била одгледана за да стане трофејна сопруга со милост и понизност, со грижа и љубов, тука се потчинува и молчи пред грубоста на патријахалното воспитување. Дивата страна на Лукреција, слична на неспитомената тигрица во подрумите на Козимо, не ја остава на мир и затоа бракот со Алфонсо станува заробеништво.

Авторката без компромиси отстапува од историската патека и ја следи линијата на гласините што ѝ дава подлога, но и предизвик да ја воскресне младата и несреќна Лукреција. Официјалната причина за смртта на Лукреција била туберкулоза, но народот не ги изоставил и можните заплети дека таа била убиена. Паралелните приказни, движењето напред-назад во хронологијата, му дозволува на читателот подобро да ја запознае Лукреција, нејзиниот копнеж да остане што подолго девојка наспроти ставот на сестра ѝ Изабела, чија единствена животна цел е да се омажи богато и во видна фамилија. Можеби единственото нешто на кое авторката се обидела да повлијае надвор од маргините е детинестиот карактер, скратеното и насила одземено детство и чистата душа на војвотката. Паранојата е сеприсутна во секоја реченица, во секоја мисла и дијалог кој Лукреција го води помеѓу себе и Лукреција од насликаниот портрет.

Во суштината ова е роман за женското угнетување, за материјалното кое е просперитет, и тоа, не само во сиромашни семејства, за безмилосното „продавање“ на женските деца, одрекување од нивната беда и мизерија откако ќе преминат во друга фамилија, традиција што и денес опстоила во многу култури. Романот ќе ве натера да ги истражувате за судбината на Лукреција, долго ќе ве прогонува нејзиното лице од насловната страница, портретот изложен во Палатинската галерија, како и претпоставките што точно се случувало зад ѕидините на Fortezza во близина на Бондено во 1561 година.

За крај, што е среќата за Лукреција и колку отстапувањата од зацртаното и нејзините очекувања ја оставиле најбогатата тинејџерка во нејзино време сиромашна одвнатре и празна?

 

Јована Матевска Атанасова

 

[1] Избрзан брак, или пекол или рај

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Литература
Не се согласувам, зборуваше Олга, сакам да се вратам во сонот и да се разбудам во некое друго утро, а луѓето трчаа низ правта што стануваше сè полесна...
26.
Jul.
Литература
Денеска одбележуваме 61 година од разорниот скопски земјотрес. Историјата, луѓето, архитектурата и населбите на Скопје се проткаени низ повеќе книги во издан...
26.
Jul.
Литература
За кратко време сите излегоа надвор. Децата беа по гаќи и по маица, таа по ноќница, а тие двете, двоглавата змија, стуткани до своите мажи, беа без шминка, б...
25.
Jul.
Литература
Во пресрет на почетокот на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз, се потсетуваме на успесите на нашите спорти...
24.
Jul.
Литература
Нејзината импресивна приказна ја раскажува во биографската книга „Вистините во кои веруваме“, која на македонски јазик е во издание на „Арс...
21.
Jul.
Литература
Со книжевни настани во библиотеки, книжарници и културни институции во светски рамки деновиве се одбележуваат 125 години од раѓањето на големиoт американски ...
19.
Jul.
Литература
Ви претставуваме избор со топ 5 книги што ги препорачуваме за сите млади читатели за ова лето, кои ветуваат возбудливи и незаборавни авантури.
04.
Jul.
Литература
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш...
01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.02 MB