Литература

„Нека снежи“-Снежен пресек на магијата, љубовта и празниците

22.01.2024.
„Нека снежи“-Снежен пресек на магијата, љубовта и празниците
„Нека снежи“-Снежен пресек на магијата, љубовта и празниците

Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова

Необично ко-авторство, книга која е напишана засебно, а се надоврзува од дел во дел. Секој автор ја претставува својата приказна и главните ликови на читателот, речиси како низ неа да прострујуваат трите духа на Дикенсовата „Божиќна приказна“. Лесно и предвидливо се застапени стеротипите кои овие празници ги носат со себе: волнени чорапи, топло чоколадо и многу љубов во воздухот. „Нека снежи“ е забавна триделна новела што ја користи моќта на писателот да влегува во побараната улога, менувајќи го по потреба стилот и преферираниот жанр. Ја препорачувам и како тинејџерско четиво за малку повозрасни тинејџери. Книгата е исчистена од вулгарности и провокативни сцени кои често знаат да го обезличат прочитаното и да бидат „возрасно несоодветни“, па застануваат како коска в грло.

Божиќ и новогодишните празници не минуваат без магија, без човек да се ослободи од тежината на изминатите 365 денови и токму тоа е стожерот на „Нека снежи“- клишето и веќе виденото штом градовите засветкаат во зелено-црвената со кич и снежни кристали. Но, тука сепак, станува збор за влечната сила на одлуките поттикнати од зашеметувачката празнична магија. 

Дали да се остане на безбедно или дошло времето да се впушти во ризик?
Ова прашање и буквално ја измачува девојката со необично име, Јубилеj, која доживува несекојдневен и по малку несреќен Божиќ. Нејзините родители се уапсени, возот со кој патува до Флорида заглавува непосредно пред гратчето Грејстаун. Измачена од прашањата за исправноста на љубовното фијаско од врска, без размислување излегува од возот и во Вафл Хаус го запознава Стјуарт, привлечен странец кој ја кани да го придружува до неговиот дом, на другиот и непристапен крај на градот. Храброст е или лудост, романса или трилер на повидок?

Што побрзо стигнува да биде уништено-пријателството или љубовта?
Триото најдобри пријатели Тобин, Дјук и ЏиПи се поканети од страна на Кеун, вработен во Вафл Хаус да донесат Твистер и да ги забавуваат заедно четиринаесетте мажоретки кои штотуку се истовариле од заринканиот воз. Доцна  во ноќта, временските услови се ужасни, наносите снег ја видоизмениле инфраструктурата на градот, но не само тоа, изгледа како нешто неповратно да се изменило и во односот на Дјук и Тобин. Снажната Карла, белата Хонда SUV, е нивниот единствен излез, но и предност да ги победат близнаците Рестон и колеџ-момците и да си обезбедат бесплатен влез во хормонално-напуканиот, новонастанат харем во просториите на Вафл Хаус. Што ќе стигне прво до Вафл Хаус: љубомората, љубовта или тие тројца? Има и уште еден заплет меѓу редови: вистинскиот идентитет на Дјук.

Дали може истовремено да бидеме секогаш во право и заљубени?
Џеб и Ади се пар чија романса започнала токму на божиќната ноќ претходната година. Но додека домовите го потпуштаат затоплувањето нивниот однос постепено се лади. Ади живее во заблуда дека Џеб ја сака доволно, онолку колку што заслужила. А тоа е премалку. Дали себе-обвинувањето и избрзувањето до заклучок, па дури и прашањата кои не стигнала да ги постави се единствената бариера во нивната врска?  Разликите во машко-женските очекувања и фактичката состојба се уште една совршено доловена ситуација која се случува за време на овој временски пресек, тогаш кога магијата, љубовта и студот се единствените адути што секој ги крие во ракавот. И баш oвој Божиќ светот околу Ади почнува да се отпарува, конец по конец. Наоѓајќи се пред вистинска виулица што навлегува и низ рамките од нејзиниот досега идиличен живот Ади се освестува-таа не е толку идеална како што си замислувала. Во брканица да им докаже на луѓето што ги сака дека може да се промени таа си докажува и на самата себе - дека љубовта е нејзиниот приоритет.

„Нека снежи” крие длабока порака- како изборите влијаат на туѓинците околу нас, животот е еден голем синџир кој се подмачкува со донесените одлуки, затоа што и недонесената одлука е повторно донесување одлука, во случајот да не се направи никаква промена. Оваа верига од настани се движи со помош на слободната волја на ликовите, затрупаниот “воз в снег” е потисната сила преку чија акција се излеваат останатите дејства, а регулаторот, скриениот ангел (патоказот од секоја приказна од популарната психологија) е чудниот чистач на снег Тревис, симболично облечен во “алуминиумска фолија”. Секој збор, мисла, постапка се таложат, снегулка по снегулка и создаваат или прилика или невреме, авантура или мизерија, зависно од тоа како сме решиле да го сфатиме животот како јаве или илузија.


 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Литература
Не се согласувам, зборуваше Олга, сакам да се вратам во сонот и да се разбудам во некое друго утро, а луѓето трчаа низ правта што стануваше сè полесна...
26.
Jul.
Литература
Денеска одбележуваме 61 година од разорниот скопски земјотрес. Историјата, луѓето, архитектурата и населбите на Скопје се проткаени низ повеќе книги во издан...
26.
Jul.
Литература
За кратко време сите излегоа надвор. Децата беа по гаќи и по маица, таа по ноќница, а тие двете, двоглавата змија, стуткани до своите мажи, беа без шминка, б...
25.
Jul.
Литература
Во пресрет на почетокот на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз, се потсетуваме на успесите на нашите спорти...
24.
Jul.
Литература
Нејзината импресивна приказна ја раскажува во биографската книга „Вистините во кои веруваме“, која на македонски јазик е во издание на „Арс...
21.
Jul.
Литература
Со книжевни настани во библиотеки, книжарници и културни институции во светски рамки деновиве се одбележуваат 125 години од раѓањето на големиoт американски ...
19.
Jul.
Литература
Ви претставуваме избор со топ 5 книги што ги препорачуваме за сите млади читатели за ова лето, кои ветуваат возбудливи и незаборавни авантури.
04.
Jul.
Литература
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш...
01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.02 MB