Литература

Лето како во “Мама миа”- Пристаниште помеѓу одмор и зАББАва

24.08.2024.
Лето како во “Мама миа”- Пристаниште помеѓу одмор и зАББАва
Лето како во “Мама миа”- Пристаниште помеѓу одмор и зАББАва

Со лежерноста и предвидливоста на филмските ликови од мјузиклот "Мама миа" кои доволно влијаат на изградената петорка во романот "Лето како во "Мама миа", ќе уживате и пливајќи и планирајќи ја санацијата и враќањето на сјајот на Вила Атена. 

Лорен е просечна девојка од Лондон која сиот живот се грижела за својата баба, единствената фамилија по смртта на нејзините родители. Откако баба ѝ Марни ќе умре, за неа не преостанува ништо друго освен да го запознае животот како што требало да го запознае порано, безгрижен, турбулентен и со исончаната кожа која мириса на сол. Удирајќи две муви со еден удар, таа го оживува копнежот на баба ѝ, но и сопствениот- да заборави на познатото, да биде странец што ќе се обидува да се вклопи во медитеранските шари. Штом стигнува на Скопелос Лорен го проширува, бездруго, величествениот видик и со пријателства: ексцентричната кокета, бабицата Енџи, брачниот пар Емили и Крис во исчекување на првото дете и мистериозниот писател Марк, кој како и секој суперхерој го крие сонцето зад широките раменици. Тука е и вилата во која престојува водена од силната Атена, вила позната по сјајот кој го изгубила низ децениите. 

Вилата е и самата во својство на книжевен лик, се возобновува како што и ликовите ја доживуваат својата метаморфоза, допрена е и историјата на газдарицата на вилата, несреќната судбина на селските невести кои иако туризмот ги прехранува, често им го разрушува приватниот живот. Одеднаш Лорен има чувство како таму да припаѓа, во тврдоглавата и гласна Атена ја гледа својата Марни, па тоа чувство на припадност прераснува во чувство да помогне и да ја преземе иницијативата во свои раце.

Електрична и вибрантна, Робертсон прави паралела помеѓу одморот и забавата, летувачка  дискрепанца на секој авантурист, вљубеник во патувањето и копнежот по вечно лето.

Додека ја читате постојано ќе ви се врти на риплеј "Мама Миа" на АББА, ќе ги мирисате грчките специјалитети, за ситните јазични рецептори ќе ви застане узото или силната метакса, но и цветните расади на маслинки, мандарини и портокали.

Предлог плејлиста за одмор по рецептот на "Лето како во "Мама миа" 

  1. Waterloo на гладно, за расонување
  2. Dancing queen за лесна пловидба помеѓу морските бранови
  3. Fernando за испраќање на сонцето
  4. Summer night city за електрични ноќни прошетки 
  5. Gimme! Gimme! Gimme за последниот атом енергија пред сладок сон

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Sep.
Рецензии
„Случајно Ејми“ е слатка романса, напишана во манирот на модерните врски што напоредно созреваат со растењето на ликовите.
22.
Aug.
Рецензии
Берис Беј. Магично гратче во Онтарио сместено покрај езерото Каманискег, вечен споменар на децата и на тинејџерите: врежани иницијали на клупи и на стебла, м...
08.
Aug.
Рецензии
Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи...
30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.02 MB