Рецензии

„Фурија“ од Алекс Мајклидис - Прогноза за едно убиство

18.04.2025.
„Фурија“ од Алекс Мајклидис - Прогноза за едно убиство
„Фурија“ од Алекс Мајклидис - Прогноза за едно убиство

фурија - именка, ж.р. - бес, виор, фортуна - божица на одмаздата

Итро осмислен трилер што го вовлекува читателот во свет на интрига, лага и измама уште со првата реченица „Ова е приказна за едно убиство. Или, можеби, не е сосема така“. Мајклидис го става читателот во улога на публика/порота/сведок/ соучесник во античка драма/трагедија (книгата е напишана со пролог/епилог и четири чина), тој е на сцената со него и низ неговата свест и субјективна перспектива патува до напуштениот и мистичен остров Аура. Овој хибриден трилер овенчан со дискурсот на психологијата и драмата ќе биде одлично скршнување за љубителите на трилери што сакаат да се одморат од жанрот нордик ноар и бруталниот крвав формат што навикнале да го сретнуваат по книжарските полици. Како и во книгите на Агата Кристи, поконкретно „И не остана ниту еден“, Мајклидис ги соочува своите ликови во една херметичка средина изолирана од надворешните влијанија и тука точно се знае дека еден од нив ќе биде убиец, а друг жртва, како писателот да го тестира читателот и да го внесува во имагинарна партија на друштвената игра „Мафија“.

„Сите ние сме недоверливи наратори на нашите животи.“

Имено, Елиот Пејџ е прикажан како мек и лесно сугестибилен пријател на познатата филмска ѕвезда во пензија, Лана Фарар. Патот на Елиот до круговите на џет-сетот не бил нималку наивен и едноставен, па тој слободно може да си ја пришие метафората дека газел по трња. Елиот не е единствен пријател на оваа дива, и доколку би се прашувал, таа треба да го преиспита своето пријателство со Кејт, а покрај тоа, во нејзиниот сопруг Џејсон гледа подмолен опортунист и материјалист. Сепак, емоциите на Елиот се обострани затоа што се чини, никој освен Лана не го „мириса”. Toj присилно ја носи развеаната етикета на губитник и подбишега, сѐ со цел да остане во близина на Лана, па доколку му се укаже можност и да го разбие тој лажен и маѓепсан круг на интимни врски што ги оформила. Јасно е дека ѕвездите се осамени, дека постојано се распродавани по таблоиди, дека дури и роден татко ќе си ја продаде ќерката доколку профитира од таблоидите, и ова чувство на заштитник кај Елиот е пресилно, до толку, што сакајќи да ѝ ги отвори очите на Лана, тој сам се мести на средината од жртвениот круг.

Шестмина патуваат на островот Аура за време на велигденските празници со намера да уживаат под топлата рингла на Медитеранот, да ги одморат табаните на смлачениот песок, но она што не го знаат е дека таму дуваат фурии и одненадеж поволната прогноза се менува. И додека маслиновите расади ги пуштаат соковите и специфичните миризби го оплодуваат островот, се случува убиство. Но, какво и чие? Мајклидис ќе ве остави да претпоставувате до последната страница, ќе ве искуши до степен на истенчување на сетилото за морално расудување. Што бара сомнителниот Никос кој Лана го назначува за „домар“ на островот? Дали Лео, синот на Лана, е разгалено и бескрупулозно детиште кое расте со сите благодати на потомство на позната ѕвезда, а притоа е недопирлив и пред очите на законот? Или Џејсон, младиот и згоден Аполон, што ги исправува брчките на Лана со својата појава пред папараците, е заинтересиран само за баснословното богатство и луксузниот хедонизам што му го дозволува статусот „сопружник“?

„Фурија“ нека биде вашиот нов печат во книжевниот пасош, и тоа токму сега, кога хронологијата од романот ќе се поклопи и со фактичката реалност, за време на велигденските празници.

Ова е роман за жртвите што ги правиме во име на љубовта и убедувањето, за заслепеноста и афектот, тие ситни честички од вечноста што во секунда пресудуваат кои ќе бидеме. Какви одмазднички струи навестува заоблаченото пријателско метео?

Јована Матевска-Атанасова


Книгата е во издание на „Арс Ламина“ и е достапна во поголемите книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Заштеда 20%
450 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
03.
Apr.
Рецензии
Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување.&...
23.
Mar.
Рецензии
Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума.
14.
Mar.
Рецензии
Никогаш доста од книги што ја слават женската сила! Првата книга е за генијалноста зад убавината, а втората за генијалноста зад генијалецот. Авторката Мери Б...
31.
Jan.
Рецензии
Во „Хамнет“ Меги ОʼФерел не го деградира големиот поет и драматург, туку го намалува неговото значење, го приземјува генијот до човек.
24.
Jan.
Рецензии
Брутална и освестувачка, Серл со „За пет години“ излегува од лајсната на жанрот и упатува моќна порака: „Живеј со полна пареа, без каење и ...
17.
Jan.
Рецензии
Најновото остварување „Атмосфера“ на Тејлор Џенкинс Рејд е можеби најкомплексното во нејзиното досегашно творештво.
27.
Dec.
Рецензии
Париз. Шарен, занесен, епицентар на мода, гастрономија и архитектура, Ајфеловата кула и Монмартр, кроасани, јазикот на љубовта, но и на многу скриени злостор...
11.
Oct.
Рецензии
Секогаш е нова книжевна авантура кога читателот се впушта во дело на Тејлор Џенкинс Рејд. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.08 MB