Рецензии

„Полноќна гозба”- За птиците што летаат ниско покрај гнездото

18.05.2025.
„Полноќна гозба”- За птиците што летаат ниско покрај гнездото
„Полноќна гозба”- За птиците што летаат ниско покрај гнездото

„На крајот сите се враќаат во Тоум…"

Франческа Медоуз, наследничката на имотот „Дворецот", сместен на магичната обала на Дорсет, со бескрајни диви песочни плажи кои граничат со високи гребени и бајковити фарми, решава да го претвори во луксузен ресорт кој на туристите ќе им ветува забава и одмор. На староседелците не им се допаѓа ова узурпирање на нивниот труд и мир, како и на просторот што од ден на ден се смалува во име на парите кои моќната фамилија Медоуз ги поседува. Свеченото отворање на ресортот е закажано за летната рамноденица и во имагинативна сеанса на филмот Мидсомер, гостите се облечени во бела ленена облека и пијат посебен коктел мешавина од вотка, ѓумбир и масло од коноп. Иако облеката е претенка за да им ги скрие дебелите паричници кои се евидентни дури и на арогантните и препеглани лица, персоналот што го прикрепува луксузот и хедонизмот на „Дворецот" е во противтежа на гостите-сите се локалци што се одметнале од идеологијата на отпор кон угостителскиот Левијатан и поради парче леб стануваат дел од големото Ништо кое се заканува дека ќе им го наруши идиличниот синхроницитет на заедницата. И одеднадеж, кога се јавуваат мртви птици, чудни случки во шумата што граничи со „Дворецот” , воскреснува фолклорниот мит за Ноќните птици, група на работ на секта со која Тоумчаните од мали нозе биле заплашувани до послушност.

„Девојчето што бев порано сега го доживувам како некоја далечна роднина."

Се чини во Тоум никој не пораснал и сите пуштиле корени кон местото кое ги ограничува и ги држи заробени под стаклото како вечни рози. Но, што толку ги поврзува овие, навидум, туѓинци? Што им е заедничко? И зошто изгледа дека секој покрај својата соба од „Дворецот" заклучил и некаква тајна?

Почнувајќи од Франческа, која е убава, успешна и богата, па сѐ до помошникот во кујна Еди, кој доаѓа со својот велосипед и ужасно се плаши од шумата околу комплексот за чие пространство се шепотат морбидни приказни дозирани со фолклор и суеверие. Секако, да не ги изоставиме и сомнителната Бела скриена зад заштитна маска окована за лицето уште од нејзините тинејџерски денови; а тука е и Овен-архитект и сопруг на Франческа кој крои поинакви планови од архитектонските. И приказната се оддалекува од можниот расплет откако ќе биде вметнат и дневникот пишуван преку тинејџерското мастило на наивност на мистериозната Бела. Која е таа и што прави тука?

„Никој не е она што се чини дека е. Вклучително и јас."

Сомнежи и парчиња од сложувалка, овојпат Луси Фоли си поиграла со дејството и го става секој лик во калапот на осомничен. Што се случило во 2009, а фрла сенка врз „Дворецот”? Нема осомничен, но секој е на листата на лица од интерес. Многу книжевни настрешници и замки што ќе затскриваат по некој клучен детал доволно да го намамат читателот да ја прочита за помалку од ден.

Се чини минатото е единствениот гостин во "Дворецот" што престојува во секоја соба. Окарактеризиран како фолк-хорор, ја доловува морничавата сценографија на Англија, на легендите што живеат во малите гратчиња, и претставува удар со тупаница во руралниот туризам предводен од капиталистичката голема буква која безмилосно ги толчи надежите, мирот и бизнисите на локалците каде и да запоседне.

Непредвидливо и таинствено. Еурека ефект штом пожарот во "Дворецот" ги стопи маските.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

18.
Apr.
Рецензии
Итро осмислен трилер што го вовлекува читателот во свет на интрига, лага и измама уште со првата реченица „Ова е приказна за едно убиство.
22.
Jan.
Рецензии
Сицилијанска одбрана - е инвазивна и често агресивна техника во шахот на црните наспроти белите фигури, која ја играат дури 17 % од светските велемајстори во...
16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.5 MB