Рецензии

"Ќерките на Лорд Вестерам" – Предавството доаѓа ненајавено

10.06.2025.

Романот на Рис Боуен е топла и вртоглава приказна за Втората Светска Војна, што се случува во руралниот дел на Кент. Напишана е со доза на шпионски екстракти, претставува интригантна воена мистерија која што e фокусирана на придонесот на разузнавачките единици и колку нивниот влог бил битен во исходот на војната, тактизирање и мапирање на стратешки точки.

Ги следи Памела Сатон и Бен Кресвел, двајцата израснале куќа до куќа, а сега работат за МИ5 и во канцелариите на Блечли Парк, но секако, не знаат дека се во иста служба затоа што на припадниците на огранокот им е строго забрането да споделуваат било какви информации поврзани со нивните работни задачи.

Војната е брутална и незапирлива, но богатото и аристократско семејство на лордот Вестерам не доживеало трагедија како семејството на ловочуварот Робинс, кој го изгубил синот морнар. Напротив, тие сѐ уште уживаат во големината на имотот, на кој привремено се сместени и војниците од Западниот полк. Сепак и семејството Вестерам одвнатре доживува пресврти и превирања: лејди Марго Сатон е заробена од Гестапо во Франција, хормоните на Дајдо и нејзината разбудена сексуална желба ја прават лесна мета, Оливија со малиот Чарли живее во татковата куќа додека сопругот Теди е на Бахами во придружба на неговото Височество; Фиби влегува во улога на детектив заедно со Алфи, детето од внатрешноста што било евакуирано во Фарли, a Памела од сите ја крие вистината за работниот ангажман.

Еден ден на Фарли Филд е откриено мртво тело на падобранец. Откако ќе потврдат дека лешот не му припаѓа на ниту еден пријавен и активен припадник на англиските воени сили, се отвора сомнеж за заговор: во џебот на падобранецот е пронајдена фотографија од поле со броевите 1463.

Ова ја алармира војската и сите служби што работат под покровителство на Круната, па така узбуната ќе вроди внатрешни истраги – ако падобранецот бил доставувач, сега веќе мртов, некој друг мора да биде примач на пораката. Но, кој? Кој е шпионот во Фарли? Додека во виорот на војната сите стануваат сомнителни, фронтови се отвораат и на љубовно и семејно поле во полето Фарли - предавството не живее само во одбранбената линија, туку појадува и го дели покривот со тебе.

Иако приказната подеднакво ги следи приказните на сите членови, патува од Кент до Лондон и Франција, па дури и има појаснување за секој лик и неговата функција во Кент пред почетокот на романот, дејството е обвиткано околу работата на Памела и Бен. Памела е заљубена во Џереми Прескот, кој доаѓа од благородничко семејство исто како и неа, и ужива во приоритетите на своето потекло и богатство дури и во време на војна (гориво, на имотот не се сместени војници, обилно јадење). Џереми преживеал бегство од воен логор и дочекан е со најголема почит во своето родно гратче. Сепак, се чини дека војната оставила подлабоки лузни од длабочината на неговата храброст. Од друга страна Бен, синот на викарот и прв сосед на лорд Вестерам, тајно е вљубен во Памела, без разлика што таа го гледа само како брат. Се срами затоа што ја нема храброста на Џереми кој бил дел од воздухопловните единици, па дури и постојано е исмеван на сметка на овој негов "придонес" од канцеларија за напредок на англиската дефанзива.

Дали жиците на првата љубов се доволно затегнати за да се постигне совршена мелодија?

Колку далеку би оделе за оној што не ви ги возвратил чувствата?

Што е војната ако не, поле со растресени глуварчиња поради кои мора да се затнат ушите?


Јована Матевска-Атанасова

Книгата е во издание на „Арс Ламина“ и е достапна во поголемите книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

18.
May.
Рецензии
Франческа Медоуз, наследничката на имотот „Дворецот", сместен на магичната обала на Дорсет, со бескрајни диви песочни плажи кои граничат со високи...
18.
Apr.
Рецензии
Итро осмислен трилер што го вовлекува читателот во свет на интрига, лага и измама уште со првата реченица „Ова е приказна за едно убиство.
22.
Jan.
Рецензии
Сицилијанска одбрана - е инвазивна и често агресивна техника во шахот на црните наспроти белите фигури, која ја играат дури 17 % од светските велемајстори во...
16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.49 MB