Рецензии

„Тајната книга на Флора Лиа“- Половината што зацелува

05.08.2025.
„Тајната книга на Флора Лиа“- Половината што зацелува
„Тајната книга на Флора Лиа“- Половината што зацелува

Уште од самиот почеток романот „Тајната книга на Флора Лиа“ суптилно навестува нарација што ќе ги помести границите на сите повоени и поствоени книги што сте ги прочитале досега. Ова е книга за загубата и надежта, за собирање на остатоците и нивно прилепување со надеж дека таквиот фалсификат повторно ќе стане вистински живот. Под таква импресија живее и Хејзел во приказна што ја засопнува и танцува одново и одново.

Иако е роман чие дејство е сместено за време на Втората Светска Војна, го следи патот на евакуираните деца во надворешноста, подалеку од бомбардираниот Лондон. Обединетото Кралство во повеќе наврати правело вакви операции со цел да го зачува највредниот белег на една нација–потомството. За разлика од пеплосаниот и немирен Лондон, во руралните области како Бинзи војната не остава оловни зрна во почвата, ниту ги допира темелите, но, ги држи во заложништво оние што заминале и засекогаш останале духови на воените боишта. За да ја заштити помалата сестра, Хејзел ѝ раскажува приказна за мистичната земја Виспервуд која е само нивна и ничија во чии граници владее магијата и ги допира сите страни, топла е и утешителна како бебешко ќебе.

Хејзел е пожртвуван лик на поголема сестра што во воениот виор пресериозно ја сфаќа улогата на заштитник, особено по смртта на татко ѝ. Таа е растргната помеѓу грижата за мајка им, која останува во Лондон, и чувствоата што непријатно ја вознемируваат во присуство на Хари, синот на Бриди, нивната привремена вдомителка. Поради тоа носи голема вина што не завршила со капитулацијата на Германија– Флора Лиа исчезнува под претпоставка дека се удавила во моќната Темза која не простува наивност.

Дали приказните на Хејзел ја довеле Флора до крајречието, дали посегнала по Виспервуд со малечките рачиња, со надеж дека таму ќе победи доброто? Или не е виновна нејзината дарба за раскажување туку и занесеноста и еуфоријата на тинејџерка?

Во 1960 година, дваесет години по инцидентот и митот за речното дете, Хејзел работи во книжарница за продажба на ретки книги и на денот на нејзиното заминување од Хогановата книжарница таа ја открива сликовницата „Виспервуд и ѕвездената река“. Зачудена и исплашена, Хејзел ја сокрива во својата чанта преплавена од емоции и прашања: дали ова е непобитен доказ дека Флора е жива? Сликовницата со неверојатна прецизност и сличност ги опишува местата и настаните во измислената Виспервуд, но, писателката е Американка. Оттука започнува трката со времето разгорена од надеж и мечта, но и болно соочување со минатото во кое ги вакумирала Бриди и Хари. Колку што влегува подлабоко во горките спомени што Темза ги остави зад себе, толку се оддалечува од животот што сега го живее како маска за да се деперсонализира од сопственото чувство на вина. Дали ова ќе биде уште една сламка што ќе потоне во мракот? Или Флора како принцеза од Виспервуд чека да биде откриена?

„Тајната книга на Флора Лиа“ не е само потрага по изгубената сестра туку и потрага по изговорите за убав живот што Хејзел ги носи како казна за потфрлувањето. Дали е Флора жива, или Хејзел е заглавена сè уште во првата фаза на тагувањето: негација?


Јована Матевска-Атанасова

Книгата е во издание на „Арс Ламина“ и е достапна во поголемите книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
520 МКД
8,41 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

10.
Jun.
Рецензии
Романот на Рис Боуен е топла и вртоглава приказна за Втората Светска Војна, што се случува во руралниот дел на Кент.
18.
May.
Рецензии
Франческа Медоуз, наследничката на имотот „Дворецот", сместен на магичната обала на Дорсет, со бескрајни диви песочни плажи кои граничат со високи...
18.
Apr.
Рецензии
Итро осмислен трилер што го вовлекува читателот во свет на интрига, лага и измама уште со првата реченица „Ова е приказна за едно убиство.
22.
Jan.
Рецензии
Сицилијанска одбрана - е инвазивна и често агресивна техника во шахот на црните наспроти белите фигури, која ја играат дури 17 % од светските велемајстори во...
16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.5 MB