Рецензии

„Се гледаме во август“ - последната резба на големиот мајстор

25.08.2025.
„Се гледаме во август“ - последната резба на големиот мајстор
„Се гледаме во август“ - последната резба на големиот мајстор

Додека бестселер-побарувачката полека ги брише книжевните ерудити, на литературната сцена недостигаше богатиот, збиен Маркесов стил во кој единствено накитеноста не е предиспозиција на кич.

Со внимателно одбрани зборови и изрази кои го негуваат лирското, обрнувa големо внимание на интроспективното во ликовите. Без непотребни дијалози што само би го унакажале доловувањето на внатрешната експанзија на емоции, Маркес ја почнал приказната за слободата. Тоа не е слобода поврзана со политичко угнетување или од социјална природа, извикани синтагми на медиумското и демократско заробеништво. Слободата што Маркес ја истражува е елементарното чувство на „себство“, кое можеби е изгубено со институционализирање на љубовта меѓу двајца. Велам можеби, затоа што таму каде што за некого завршува слободата за друг таа почнува.

Линијата на приказната е монотона – Ана Магдалена Бах секој август го посетува родното место и гробот на нејзината прерано почината мајка оставајќи букет гладиоли. Таму, на тој магичен, карипски остров станува некоја друга, го ослободува сексуалното, па дури и агресивното од себе (следство на сексуалното е агресивното–измачувањето, грижата на совест и мазохизмот) , два сврзника што според Фројд се единствениот матичен број на личноста. Авторот, за жал, добро го предвидел и денешниот архетип на модерна жена, среќно омажена - жена-трофеј, која си дозволува по некој излет надвор од брачната постела, компензирајќи за моќта која во пренагласениот „патријахат“ ѝ е одземена. Од друга страна, таквата жена секогаш си го наоѓа патот до домот, без разлика колку гревови си препишала попатно, па дури и верува дека љубовта што ја овенчала со потпис и ветување е вистинска и вечна. Повторно, Маркес допира до деликатна и сензитивна тема што го превртува промискуитетот на главната хероина во сочувство и потрага по фамозното „зошто“, бидејќи сè во светот се состои од лице и опачина.

И додека многумина во „Се гледаме во август“ го гледаат Маркесовиот пад и просечно четиво далеку од идеолошката и стилска забележителност на книжевниот латино-мајстор, очигледна е паралелата што ја црта меѓу социолошките улоги на мајка и ќерка (Ана Магдалена како мајка и Ана Магдалена како ќерка), невиноста наспроти развратот, за душевниот дуализам што во секој од нас постои и како таков го менува интензитетот и обликот, но останува доживотна компонента од карактерот, умот и срцето. Уште кога ќе се додаде дека „Се гледаме во август“ била орудие во борбата против Алцхајмеровата болест што Маркес го онеспособила, оваа малечка книга ја добива тежината, иако не веднаш препознатливата, што инаку го следела Маркес во неговите најдобри денови.

Како никој друг, Габриел Гарсија Маркес успева постхумно да го распродаде „изгубениот роман“ дури и од оној, далечен, мистичен свет што низ нишки се провлекувал во речиси секое негово дело, фасцинацијата со смртта и минливоста. Дури и кога тоа е незавршен роман, во прозата на Маркес секое поглавје е влезна врата кон читателски опортунизам.

 

Јована Матевска-Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Aug.
Рецензии
Уште од самиот почеток романот „Тајната книга на Флора Лиа“ суптилно навестува нарација што ќе ги помести границите на сите повоени и поствоени к...
10.
Jun.
Рецензии
Романот на Рис Боуен е топла и вртоглава приказна за Втората Светска Војна, што се случува во руралниот дел на Кент.
18.
May.
Рецензии
Франческа Медоуз, наследничката на имотот „Дворецот", сместен на магичната обала на Дорсет, со бескрајни диви песочни плажи кои граничат со високи...
18.
Apr.
Рецензии
Итро осмислен трилер што го вовлекува читателот во свет на интрига, лага и измама уште со првата реченица „Ова е приказна за едно убиство.
22.
Jan.
Рецензии
Сицилијанска одбрана - е инвазивна и често агресивна техника во шахот на црните наспроти белите фигури, која ја играат дури 17 % од светските велемајстори во...
16.
Nov.
Рецензии
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата ...
30.
Oct.
Рецензии
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и све...
29.
Oct.
Рецензии
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.49 MB