Рецензии

„35 калории без шеќер“: Приказна за тивкиот непријател на тинејџерите

06.09.2025.
„35 калории без шеќер“: Приказна за тивкиот непријател на тинејџерите
„35 калории без шеќер“: Приказна за тивкиот непријател на тинејџерите

Во време кога социјалните мрежи се погласни од докторите и нутриционистите и диктираат лажна слика за идеална фигура и тежина, овој роман не треба да го одмине ниту една тинејџерка. Кога почнува битката со калориите и како таа се развива во болест? Во координација со експерти од областа, Јасминка Петровиќ во „35 калории без шеќер“ го претставува пријателството помеѓу Тара и Јована кои зимскиот распуст ќе го поминат кај вујкото и вујната на Јована во Грицка. Уште веднаш Тара остава впечаток на прекрасна и културна девојка, која, за жал, носи лузни под мазната и негувана кожа. Не поминува долго пред сите да забележат дека Тара има проблеми со исхраната, што повлекува и проблематично однесување: избувнува, плаче, пешачи со километри додека не падне од исцрпеност. Но, како досега тие што ѝ се најблиски, меѓу кои и Јована, не го слушнале овој крик за совршенство што ѝ ги лупи ноктите и ја остава без месечен циклус?

Спротивно на Тара, Јована е горда и задоволна од телото коешто ѝ го менуваат животните промени: нескротливи кадрици, мрсно лице и вишок килограми.

Како што врвцата од случајности се навртува околу цилиндарот, се исправа и несоборливата вистина – семејната ситуација и дете поделено, раскршено помеѓу суетите на двајца родители кое има очајна потреба од прегратка. Недостигот на внимание, се чини, пресудил Тара да гребе по ковчегот во кој се затрупува секој следен ден во обид да го задоволи гревот на змијата во стомакот. Покрај приказната на Тара се одвива и уште една приказна во приказна.

Тема која е сѐ помалку актуализирана и паѓа во сенка на пренападните инста-рилс, стегнати фотографии со фотошоп-алатки, па дури и обиди да се нормализира екстремниот начин на слабеење и младина која нездраво го „купува” продуктот на убавина. Помеѓу сите овие избори без предумисла постои една извична граница и вистина – девојките не се барбики, ниту животот е заштитен со розови филтри.

Романот „35 калории без шеќер“ на Јасминка Петровиќ заслужено ја добил наградата „Доситеево перо“ во 2008 година. Дозиран да ја задржи тинејџерската публика и богат со калории за суровоста на светот и тешките очекувања со кои се оптоваруваме самите себеси и тоа во периодот во кој сме најразоткриени и пречувствителни. Задолжително, поучно и умно спакувано.

Јована Матевска-Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
03.
Apr.
Рецензии
Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување.&...
23.
Mar.
Рецензии
Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума.
14.
Mar.
Рецензии
Никогаш доста од книги што ја слават женската сила! Првата книга е за генијалноста зад убавината, а втората за генијалноста зад генијалецот. Авторката Мери Б...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.05 MB