Рецензии

„За пет години“— Запишано во роковниците на иднината

24.01.2026.
„За пет години“— Запишано во роковниците на иднината
„За пет години“— Запишано во роковниците на иднината

„Каде се гледаш за пет години?“ е прашање што без трема и со блескава самодоверба Дани Коен би го одговорила. Првпат надвор од нејзина контрола, таа се наоѓа на интервјуто на животот, а секој одговор е само уште една одлука што ја носи подалеку од безгрижната сегашност.

5 години, 60 месеци, 1825 денови.

Многу може да се измени без наш удел, зар не?  Бројки што прелетуваат со едноставни и сложени математички операции, а носат немир и неспокој. Иднината е на другиот крај на мостот, но мостот не е секогаш безбеден и носи ризик при преминувањето. Затоа и Дани гради сигурни и цврсти мостови. Свршена е со Дејвид, корпоративен адвокат е — професија без многу стрес, а добар годишен приход; има родители што ја поддржуваат и сакаат; со најдобрата пријателка Бела делат сестрински синдром на поврзаност. Единствена непоправлива грешка во аритметички прецизниот живот на Дани е нејзиниот прерано почин брат Мајкл. Иако го живее животот со полни гради, под ребрата ја разјадува празнина особено кога ќе заигра брчката на сомневањето, дали она што го зацртала и го постигнала е доволно за среќа? Индиферентност и преправање дека сѐ е совршено, всушност потсвесно лицемерство што го покажува на ликот во огледалото.

Ребека Серл е позната по тоа што сака да додава екстракт од магичен реализам и да ги полуди ликовите за момент, па и овде на ја поштедува Дани. Во спој на релативноста и фантазијата, таа се буди пет години по свршувачката со Дејвид во стан што не е нејзин и маж што не го познава.

За што најмногу се молиме кога замислуваме желби? Љубов, здравје и семејство? Одеднаш во иднината што мисли дека ја испланирала внимателно и до детаљ, а „мрсниот“ сон за Арон е најголемата грижа, ќе бидат компромитирани сите три магистрали. Соочена со желбата во пад таа ги отвора ширум очите, но и срцето.

Морам да ве предупредам дека ова не е класична романса, ова е романса за животот и смртта. Брутална и освестувачка, Серл со „За пет години“ излегува од лајсната на жанрот и упатува моќна порака: „Живеј со полна пареа, без каење и страв, додека не е доцна“.

Јована Матевска-Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Jan.
Рецензии
Најновото остварување „Атмосфера“ на Тејлор Џенкинс Рејд е можеби најкомплексното во нејзиното досегашно творештво.
27.
Dec.
Рецензии
Париз. Шарен, занесен, епицентар на мода, гастрономија и архитектура, Ајфеловата кула и Монмартр, кроасани, јазикот на љубовта, но и на многу скриени злостор...
11.
Oct.
Рецензии
Секогаш е нова книжевна авантура кога читателот се впушта во дело на Тејлор Џенкинс Рејд. 
06.
Sep.
Рецензии
Во време кога социјалните мрежи се погласни од докторите и нутриционистите и диктираат лажна слика за идеална фигура и тежина, овој роман не треба да го одми...
25.
Aug.
Рецензии
Додека бестселер-побарувачката полека ги брише книжевните ерудити, на литературната сцена недостигаше богатиот, збиен Маркесов стил во кој единствено накитен...
05.
Aug.
Рецензии
Уште од самиот почеток романот „Тајната книга на Флора Лиа“ суптилно навестува нарација што ќе ги помести границите на сите повоени и поствоени к...
10.
Jun.
Рецензии
Романот на Рис Боуен е топла и вртоглава приказна за Втората Светска Војна, што се случува во руралниот дел на Кент.
18.
May.
Рецензии
Франческа Медоуз, наследничката на имотот „Дворецот", сместен на магичната обала на Дорсет, со бескрајни диви песочни плажи кои граничат со високи...
18.
Apr.
Рецензии
Итро осмислен трилер што го вовлекува читателот во свет на интрига, лага и измама уште со првата реченица „Ова е приказна за едно убиство.
22.
Jan.
Рецензии
Сицилијанска одбрана - е инвазивна и често агресивна техника во шахот на црните наспроти белите фигури, која ја играат дури 17 % од светските велемајстори во...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.02 MB