Рецензии

„Куќа од стакло“—Прозрачноста на еден семеен портрет

23.03.2026.
„Куќа од стакло“—Прозрачноста на еден семеен портрет
„Куќа од стакло“—Прозрачноста на еден семеен портрет

Семејствата градат ѕидови. И доверба проѕирна и кршлива колку стакло.“

Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума. Таа најчесто застапува деца над 12 години, но неслучајно ќе направи исклучок за предметот Берклиеви. Имено, откако дадилката Тина ќе падне низ стаклениот балкон, смрт што е неодредена и случајот е под активна истрага, девојчето за кое се грижела, деветгодишната Роуз, се брани со мутизам. Таа се исклучува од светот, како да крие тајна голема колку името на можниот убиец. Слична ситуација искусила и Стела во детството, па затоа случајот го доживува повеќе лично од што иʼ дозволува професионалноста.

Од друга страна, Барклиеви се секој можен стереотип за елита—тие се згодни и богати, живеат во средновековен замок што го претвориле во луксузен дом: Бет е наследничка, Ијан сериски прељубник, а Хариет свекрва повеќе приврзана за снаата отколку за синот. Поради аферата на Ијан и Тина, наводниот идиличен брак е пред свршен чин. Токму Стела е ангажирана за да одлучи кој е поподобен родител и кому ќе му припадне старателството над Роуз. Во семејство што на долги стази победува во животот, никој не се дрзнува да изгуби. Како што Стела се доближува и се обидува да ја раскине безбедносната мрежа над имотот во Потомак, таа засекува во своето месо и се самоповредува со вистините што полека испливуваат од привидно затворениот бунар на минатото. Внатре гниеле тајни што е тешко да созреат во лицето на правдата.

Уште при првата посета куќата ѝ создава морници. Особено е чудно што сите стакла се заменети со плексиглас. Дома нервозата создава табори, но и го бои сомнежот на Стела за секого од нив. И додека остро е убедена во страдањата на детското срце, Стела се судира со факт што не сака да го признае—сомнежот за инволвираност на Роуз е погласен од сите.

Пеканен уште еднаш ги соочува ликовите во својата психолошка опсерваторија, додека семејната траума е легната на каучот. Преку развиениот лик на Стела на читателите им приредува интимна претстава што ја води возбудлива напнатост за навидум одраснати стравови. Не може да се очекува траумата да се намалува со созревањето на клетките и растењето на телото. Наједноставното решение лежи во прифаќањето на тежината и нејзино претворање во доблест, како регресивниот модел на идентификација што Стела го проектира врз Роуз обидувајќи се да разбере како постапките и грешките на возрасните го согоруваат наивното и безгрижно детство. И преку разглобување на сензитивните превои на меѓучовечката машинерија таа стигнува до сопствен заклучок. А каков? За да дознаете станете гостин во интригантната куќа од стакло.

Јована Матевска Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Aug.
Рецензии
Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи...
30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
03.
Apr.
Рецензии
Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување.&...
14.
Mar.
Рецензии
Никогаш доста од книги што ја слават женската сила! Првата книга е за генијалноста зад убавината, а втората за генијалноста зад генијалецот. Авторката Мери Б...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.06 MB