Рецензии

„Посакувам да си тука“ од Џоди Пико - За „отворочните“ пресврти

03.04.2026.
„Посакувам да си тука“ од Џоди Пико - За „отворочните“ пресврти
„Посакувам да си тука“ од Џоди Пико - За „отворочните“ пресврти

Отворочен настан или чувство што ги отвора очите

Светот застанал многу пати пред 2020 година. Со секоја војна или светска криза, пандемија или  гладоморје. Но, во 2020 кога Земјата ги прередуваше пршлените под нозете на луѓето, човештвото го разглоби концептот на среќен живот, колку она што го имаме е суштинско — слободата на движење, семејството, пријателите, и здравјето. Oттука произлегува суштинско прашање: Дали човекот ја учи среќата преку трагедија?

Дијана Оʼ Тул ужива во принципиелен и исполнет живот со однапред подготвена листа „да направам“. За една модерна девојка што се пробила во светот на уметноста и „заловила“ момче специјализант по хирургија, животот што го живее е остварување на сон. Самостојна, до одредена мера зависна од него, помалку финансиски и секако емоционално, Дијана со нетрпение го очекува нивниот заеднички одмор на егзотичниот Галапагос, испланиран пред триесеттиот роденден, кога и се надева дека Фин ќе ја запроси. Тогаш некој лилјак во Кина носи нов и невиден бран на ковид-вирус што започнува да дивее низ светот. Вирусот како и лошите вести за него брзо се пренесуваат и до копното на САД и секој доктор во  Презвитеријанската болница во Њујорк е мобилизиран да се бори со овој невидлив непријател што се заканува да ја измени демографската карта на светот. Разочарана дека Фин нема да ја придружува и наоружана со егоистичната артилерија на самосожалување, затоа што, и покрај фактот дека луѓето се борат за здив на болничките кревети, таа ќе мора да го оствари патувањето сама, на непозната територија, сепак лета за Галапагос. Таму дознава дека поради заканата од вирусот авионските линии се во прекин и островот ќе биде во карантин во следните две недели. Хотелот ја остава на цедило, багажот ѝ е изгубен, а таа  измачено, без нималку ентузијазам, се влече низ маршрутата што само пред неколку дена внимателно ја испланирала. Во пресрет ѝ излегува едно локално семејство, татко поранешен туристички водич со нескриен презир кон странци, баба олицетворение на архетипот на Големата Мајка и збунета тинејџерка што се самоповредува. Одеднаш патувањето добива цел. Дали ова патување ќе ѝ ги отвори очите на Дијана? Дали таа ќе доживее перипетија таква што ќе ја натера да ја преиспита дефиницијата за среќен живот? Но… Нема да ви откријам понатаму затоа што кулминацијата на книгата е можеби една од најдобрите што сум ги прочитала.

Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, но, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување. Џоди Пико со секој нов роман се надраснува и успева да го задржи вниманието на читателот до самиот крај.

Јована Матевска-Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 520 МКД
8,41 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

23.
Mar.
Рецензии
Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума.
14.
Mar.
Рецензии
Никогаш доста од книги што ја слават женската сила! Првата книга е за генијалноста зад убавината, а втората за генијалноста зад генијалецот. Авторката Мери Б...
31.
Jan.
Рецензии
Во „Хамнет“ Меги ОʼФерел не го деградира големиот поет и драматург, туку го намалува неговото значење, го приземјува генијот до човек.
24.
Jan.
Рецензии
Брутална и освестувачка, Серл со „За пет години“ излегува од лајсната на жанрот и упатува моќна порака: „Живеј со полна пареа, без каење и ...
17.
Jan.
Рецензии
Најновото остварување „Атмосфера“ на Тејлор Џенкинс Рејд е можеби најкомплексното во нејзиното досегашно творештво.
27.
Dec.
Рецензии
Париз. Шарен, занесен, епицентар на мода, гастрономија и архитектура, Ајфеловата кула и Монмартр, кроасани, јазикот на љубовта, но и на многу скриени злостор...
11.
Oct.
Рецензии
Секогаш е нова книжевна авантура кога читателот се впушта во дело на Тејлор Џенкинс Рејд. 
06.
Sep.
Рецензии
Во време кога социјалните мрежи се погласни од докторите и нутриционистите и диктираат лажна слика за идеална фигура и тежина, овој роман не треба да го одми...
25.
Aug.
Рецензии
Додека бестселер-побарувачката полека ги брише книжевните ерудити, на литературната сцена недостигаше богатиот, збиен Маркесов стил во кој единствено накитен...
05.
Aug.
Рецензии
Уште од самиот почеток романот „Тајната книга на Флора Лиа“ суптилно навестува нарација што ќе ги помести границите на сите повоени и поствоени к...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.05 MB