Рецензии

„Станот во Париз“ од Луси Фоли – Само тајни во зградата

27.12.2025.
„Станот во Париз“ од Луси Фоли – Само тајни во зградата
„Станот во Париз“ од Луси Фоли – Само тајни во зградата

Париз. Шарен, занесен, епицентар на мода, гастрономија и архитектура, Ајфеловата кула и Монмартр, кроасани, јазикот на љубовта, но и на многу скриени злосторства, фетиши и криминал. Во една стара винтиџ-зграда, на улицата „No. 12 rue des Amants“ во променливиот Париз, се вселува згодниот и загадочен Бен. Иако постои урбан мит дека Французите се ксенофобични, Бен успева да се вклопи во стилот на станарите на зградата. Сепак, со секое спуштање на резето, оваа неспоива дружина ги заклучува и тајните кои, пак, функционираат како запчаник и ја движат динамиката на групата.

Во времето кога од Бен се губи трага и глас, тој ја очекувал на гости полусестрата Џес. Откачена и бунтовна, со зголемено чувство на правда, таа пројавува сомневање за околностите, изговорите и алибијата на преостанатите петмина станари, па игнорирана од париската полиција, почнува истрага во сопствена режија. Полека коцките си доаѓаат на место, иако неколку, како коцки шеќер се топат во интригите и измамите на кловновите скриени зад шминката на културни соседи.

- Антоан: човек со алкохолно минато, агресивен, избувлив и застрашувачки, се наоѓа пред развод од сопругата што дополнително го надразнува.

- Ник: другар на Бен од кој го дели претставката нај-, забавен, социјален тип, со чудни животни тенденции и емотивна лабилност.

- Мими: слатка мала бубалица, живее во гревот на девица, наивна и опасна лековерка, доказ дека крушата не паѓа секогаш под круша.

- Софи: фатална жена, сопруга и мајка, која живее во луксузот што скапо го платила со бесценетата убавина.

- Домарката: мистериозна „мала“ жена со комплекс на сосед – љубопитна, таинствена, разузнавач на секоја тајна што се стркалала по скалите.

Иако сте во Париз, не ја чувствувате розовата, памучна атмосфера, туку Фоли претставува еден поинаков амбиент од „Емили во Париз“, каде што не се врти сѐ околу љубовните триаголници и високата мода.

Ако ви се допаѓаат книгите на Агата Кристи кога знаете дека убиецот е некој од ликовите во книгата, но го прегорувате мозокот во потрага по мотив и издржано образложение, романите на Фоли нудат релативно слична возбуда, трка по објаснување и неотповиклива желба да се совлада книгата пред денот да се смали.

Јована Матевска-Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Sep.
Рецензии
„Случајно Ејми“ е слатка романса, напишана во манирот на модерните врски што напоредно созреваат со растењето на ликовите.
22.
Aug.
Рецензии
Берис Беј. Магично гратче во Онтарио сместено покрај езерото Каманискег, вечен споменар на децата и на тинејџерите: врежани иницијали на клупи и на стебла, м...
08.
Aug.
Рецензии
Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи...
30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.52 MB