Настани

Настани

Марјан Георгиевски: „Железно небо“ е љубовна приказна што преку црн хумор ги открива болните точки на новите генерации
24.
May
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“,  ја изведе својата монодрама „Железно небо“. Со оваа изведба беше промовирана и првата книга на Георгиевски, со ист назив, која е во издание на „Арс Ламина“.
Никола Николиќ: „Атакама“ е книжевна метафора за пустините во сите нас
22.
May
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (21 мај), во „Литература.мк“, на улица „Македонија“, беше промовирана збирката раскази „Атакама“ од црногорскиот автор Никола Николиќ.
Новиот воспитно-образовен комплет „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска треба да го има во секоја училница и библиотека
21.
Mar
Со мисија да им помогне на децата во првите чекори во самостојно читање, како и да даде значајна поддршка на наставниците за време на часовите, професорката по одделенска настава Деспина Мукоска го креира проектот „Мојата прва библиотека“. Новиот воспитно-образовен комплет со 31 книга за почетно читање, е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Изданието за деца е илустрирано од Калиопи Трпчева.
Новиот едукативен комплет „Мојата прва библиотека“ ја поттикнува љубовта на децата кон читањето
20.
Mar
Новиот едукативен комплет „Мојата прва библиотека“ од авторката Деспина Мукоска, со илустрации на Калиопи Трпчева, ќе биде промовиран денес, 20 март (среда), во 13:30 часот,  во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“. Промотори на изданието за деца ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и Владанка Д. Миче, а во улога на модератор ќе биде Татјана Димовска-Атанасова.
Одржани две книжевни средби со писателите Драго Јанчар и Даница Вукиќевиќ во „Литература.мк“
22.
Sep
На 18 и 19 септември, со почеток во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ во Скопје, се одржаа книжевни средби со писателите Драго Јанчар и Даница Вукиќевиќ, кои изминатите денови присуствуваа во Скопје во рамките на 11. издание на фестивалот „Про-за Балкан“.  
Почна со работа најголемата е-книжарница www.literatura.mk
13.
Jul
На новиот сајт, кој е повеќе од книжарница, понудени се повеќе од 6.500 книги од 50 издавачки куќи и над 15.000 производи од 60 брендови. 
Прв официјален Pokémon-настан за македонските фанови во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“
15.
Mar
Книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ ќе биде домаќин на првиот официјален Pokémon-настан во нашата земја, кој ќе се одржи на 23 март (сабота), со почеток во 18 часот. Исто така, почнувајќи од 15 март, ќе има 20% попуст за онлајн-нарачките на дел од производите.
Промовирани трите романи-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година
03.
Oct
Во присуство на многубројна публика во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Ист гејт“, на 29 септември (петок) издавачката куќа „Арс Ламина“ одржа промотивен настан за трите романи-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.35 MB