Настани

Настани

Дарка Звонар Предан: Борис Пахор се радуваше што неговите раскази ќе се читаат на македонски јазик
14.
Feb
Во топлата и пријатна атмосфера во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се одржа промоција на збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор. За книгата зборуваа Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, Дарко Спасов, преведувач од словенечки јазик и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“. Настанот беше поддржан од словенечката амбасада во Македонија, а меѓу присутните беше и амбасадорот на Република Словенија, господинот Грегор Прескер.
Доделена наградата „Пегаз“ за 2023 година во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
17.
Apr
Со свеченост во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (16 април) беше врачена наградата „Пегаз“ за 2023 година и беше промовиран победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова.
Доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоција на „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова
11.
Apr
Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоцијата на победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова ќе се одржат на 16 април (вторник), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
Едицијата „Порта Европа“ го носи свежиот европски книжевен здив во македонската преводна книжевност
19.
Feb
На 16 февруари, со почеток во 19 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, беше промовирана едицијата „Порта Европа“, во издание на „Арс Ламина“. Книжевната едиција „Порта Европа“ се состои од шест книги, сите добитнички на престижната Европска награда за книжевност последните неколку години, што ја доделува Европската унија: „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен, „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак, „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер, „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ, „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира и „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер.  
Завршна изложба за проектот „Порта Европа“ во склоп на фестивалот „Видик'
31.
May
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, издавачката куќа „Арс Ламина“ вчеравечер (30 мај), во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, го заокружи проектот „Порта Европа“.
Исидора Мун ве кани на роденден
15.
Feb
На 17 февруари, во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, Исидора Мун ќе го слави својот осми роденден и многу ќе се радува ако дојдете да прославите заедно со неа. Иако е славеничка, таа ви подготвува мали и слатки изненадувања и за возврат го очекува вашето присуство.
Лирски почеток на „Видик“ - Скопје доби нова културна инфузија
17.
May
Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“!
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.39 MB