Настани

Настани

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“
13.
May
Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се промовираше книгата за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“
„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура
13.
May
„ВИДИК“, во организација на „Литература.мк“, што ќе трае од 16 мај до 16 јуни 2024 година, ќе ги обедини литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата.
„Видик“ продолжува со промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“
20.
May
Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс Ламина“ е со текст на Јована Матевска Атанасова и акварелни илустрации на Симонида Филипова Китановска, кои длабоко и лирски продираат во една деликатна семејна состојба во која таткото е слеп и метафорично кажано: живее во очите на својата ќерка.
„Гени, мени, сени“ е роман каков што бара и раѓа нашето време
08.
Feb
Новата книга на Владимир Лукаш, „Гени, мени, сени“, беше промовирана вчеравечер во „Литература.мк“ на ул. Македонија, во рамките на „Денови на литературата“. Книгата, во издание на „Супрема“ ја промовираше уредничката Оливера Ќорвезироска, низ разговор со самиот автор.
„Девојката што ја наслика смртта“ - возбудлив трилер кој ги дестигматизира менталните болести
15.
Feb
Вчеравечер, 14 февруари (среда), во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“ се одржа промоцијата на дебитантскиот роман на Андреа Мирческа, насловен како „Девојката што ја наслика смртта“. Настанот е дел од фестивалот „Денови на литературата“, чиј фокус годинава е на книги за возрасни од домашни автори.
„Литература.мк“ и радиото „Џез ФМ“ носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена
23.
Feb
„Литература.мк“, во партнерство со радиото „Џез ФМ“, најави почеток на низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“. Под мотото „Читаме џез“ почнува новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе можат да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата.
„Рокчето“ е приказна за сите светови и времиња собрани во едно место – во рогот на изобилството
31.
Jan
Првата книга за деца од поетот Никола Маџиров, „Рокчето“, со илустрации на Анета Илиевска, а во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер во присуство на многубројна публика во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“.
„Рокчето“ од Никола Маџиров се врати дома, во Струмица
03.
Apr
Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров, чија приказна е поврзана со настанување на градот Струмица, се врати дома – во градот под Царевите Кули. На Светскиот ден на книгите за деца (2 април), во присуство на многубројни млади читатели, родители, книжевници и новинари, пред книжарницата „Литература.мк“ во Струмица, беше промовирана книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Покрај Маџиров, кон неговата прва книга за деца се осврнаа уредничката Оливера Ќорвезироска, илустраторката Анета Илиевска и специјалниот гостин на настанот, фолклористот Иван Котев.
„Си беше еднаш“ е ковчеже со најубавите бајки што ќе останат во наследство за следните генерации
12.
Apr
Си беше еднаш... Ова се првите зборови со кои почнува раскажувањето на приказните, волшебно навестување дека почнува ново патување во светот на бајките. Со овие зборови почнуваат сите 52 бајки собрани во книгата-ковчеже „Си беше еднаш“, која беше „отклучена“ вчеравечер (11 април), со промоција во волшебниот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
„Цепај сине“ – нова книга од авторот на бестселери – Зоран Спасов-Ѕоф
20.
Oct
На 25 октомври, во 20 часот, во „Станица 26“, ќе се случи интергалактичка промоција на новата книга „Цепај сине“ од авторот на бестселери Зоран Спасов-Ѕоф.
„Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“  е книга со неговата бесмртна музика
05.
Feb
Во саботата на пладне во скопско Дебар Маало пред бројна публика и пред највисокиот државен врв беше промовирана и книгата „Чичко – Маестро Џамбаз – во светот на децата“.
„Шумската дружина: кога сите сме заедно“ - едукативна игра што внесува нов живот во насочувањето на детските емоции
06.
Nov
Минатата недела се одржа промоција на едукативната игра од Христина Стефановска: „Шумската дружина: кога сите сме заедно“. Интерактивната едукативна игра е дел од едицијата „Железница на чувствата“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.  
Kнигата со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
09.
Apr
Новата книга за деца, со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана на 11 април (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе учествуваат: уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде во улога на промотор.  
literatura.mk по вторпат прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards
15.
Mar
Втора година по ред најголемата онлајн-книжарница literatura.mk e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards. На свеченоста, која се одржа вчеравечер (14 март), во DoubleTree by Hilton Skopje, беа наградени најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година.
Александар Прокопиев: Трибунското место мора да се освои
25.
Jan
Во присуство на многубројни гости од културната и од писателската сфера, читатели и претставници на медиумите, вчеравечер (24 јануари), во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ се одржа промоцијата на новата критичко-есеистичка книга на Александар Прокопиев – „Трибун, Хронистерик, Номад“. Оливера Ќорвезироска, модераторката на настанот и уредничка на книгата, го отвори претставувањето со анегдота како најлесно да го научиме и да го запомниме насловот на книгата.
Васил Мукаетов: Во сите мои песни навивам за децата
05.
Apr
Светот на децата, нивното растење, нивните палавости, мудрости, емоции и разни ситуации, се инспирација за неуморниот писател Васил Мукаетов, кој, вчеравечер, во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ ја промовираше својата нова книга „Има ли и страна петта?“.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.05 MB