Најнови изданија

Милена Лунеска во стихозбирката Љубов облечена во бело ги овековечува своите тажни и весели спомени

02.03.2022.
Милена Лунеска во стихозбирката Љубов облечена во бело ги овековечува своите тажни и весели спомени

...Денес, кога на домот наш, ново име му запишуваме,

а ѕвонлива смеа танцува по подовите,

Ти, закопчај ја со душата љубовта наша, како скапоцен костум,

Јас, во невестинско бело ќе ја облечам среќата,

па со насмевки и музика на радоста да ја отвориме вратата,

свечено да го пречекаме ЖИВОТОТ!...

Ова се дел од стиховите од новата збирка „Љубов облечена во бело“ на авторката Милена Лунеска, која деновиве излезе од печат во издание на „Попули“.

Куферот со спомени, радости и таги е полн и тежок. Милена Лунеска од него ја извлекува силата за да си ги исцели раните, да се исправи и да продолжи да се бори. Затоа што животот за неа е и танц и борба и газење боса по трње и посегање по ѕвездите и „Љубов облечена во бело“.

Милена Лунеска е родена во Кичево во 1963 година. По професија е економист и многу години е раководител на сопствена фирма. Но, неколку години бројките целосно ги заменува со зборови, посветувајќи се на пишување книги и на семејството. Пишува проза и поезија, која често се објавува на многу македонски портали. Објавени се и во некои списанија во Црна Гора и Хрватска.

Авторка е на четири романи: „Два часа“, „Исчистени души“, „Ќерката на премиерот“ и „Добро утро, љубов!“, објавени за различни издавачки куќи. Секоја книга е со различна животна тема, емотивно и врвно писателски раскажана, па од тие причини на читателот му станува разбирлива, непосредна и блиска.

Нејзината емотивност и позитивност, односно првиот глас на своите совест, срце и душа, ја пренесува на страниците на новата, петта книга, овој пат стихозбирка – „Љубов облечена во бело“. Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14844

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-...
02.
Sep.
Најнови изданија
Новиот прирачник наменет за средните стручни економски училишта - АНАЛИТИЧКО-СМЕТКОВОДСТВЕН ПЛАН од Виолета Несторовска, во издание на „Арс Ламина&ldqu...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.92 MB