Најнови изданија

„Медитации за обични смртници“ од Оливер Буркеман открива како да им се посветите на вистинските цели

13.07.2026.
„Медитации за обични смртници“ од Оливер Буркеман открива како да им се посветите на вистинските цели
„Медитации за обични смртници“ од Оливер Буркеман открива како да им се посветите на вистинските цели

Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации за обични смртници“ од британскиот автор и новинар Оливер Буркеман.

Книгата е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, исто како и неговиот светски бестселер „Четири илјади седмици“, кој важи за едно од највлијателните дела за современото сфаќање на времето, на продуктивноста и на смислениот живот.

Со својата филозофија на „несовршенството“, Буркеман ги предизвикува длабоко вкоренетите уверувања дека еден ден ќе имаме доволно време, дека ќе бидеме совршено организирани и дека конечно ќе ги ставиме сите работи под контрола. Но, дали навистина ќе дојде тој ден?

Одговорот на Буркеман е едноставен и ослободувачки: не. Наместо бескрајната трка по совршенството, тој предлага поинаков пристап – да ја прифатиме реалноста дека времето ни е ограничено, дека иднината е неизвесна, а обврските се бескрајни. Токму во тоа прифаќање, тврди авторот, се кријат мирот, радоста и чувството на исполнетост.

„Медитации за обични смртници“ е осмислена како четиринеделно патување низ кратки, лесно читливи поглавја што можат да се читаат секој ден. Инспирирани од мисли од филозофијата, од религијата, од книжевноста и од современата психологија, овие медитации нудат практична филозофија за животот – не како совршени луѓе, туку како обични смртници што учат да живеат поисполнето токму среде секојдневниот хаос, среде неизвесноста и среде постојаните одвлекувања на вниманието.

Во текот на четирите недели читателите ќе бидат водени низ процес на прифаќање на сопствените ограничувања, на развивање храброст да дејствуваат дури и кога условите не се идеални, како и кон подлабоко доживување на сегашниот момент. Наместо уште еден прирачник што ветува „совршен живот“, оваа книга нуди реален и охрабрувачки поглед кон човековатаприрода и потсетува дека најважните нешта не треба да ги одложуваме за некое подобро утре.

Оливер Буркеман (1975) е британски автор и новинар, долгогодишен колумнист на The Guardian, каде што ја пишуваше популарната неделна колумна  This Column Will Change Your Life, посветена на психологијата, на навиките и на смисленото живеење. Денес го уредува билтенот The Imperfectionist, во кој продолжува да ги истражува темите за времето, за продуктивноста и за човечките ограничувања.

Книгата „Медитации за обични смртници“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.93 MB