Најнови изданија

„Дивиот мрачен брег“ - остров каде тајните излегуваат на површина

22.06.2026.
„Дивиот мрачен брег“ - остров каде тајните излегуваат на површина
„Дивиот мрачен брег“ - остров каде тајните излегуваат на површина

Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот. Книгата, која ги освои читателите ширум светот, сега е достапна и на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“.

„Дивиот мрачен брег“ нè носи на Ширвотер - оддалечен остров недалеку од Антарктикот, каде што живее семејството Солт. Некогаш исполнет со истражувачи, денес островот е речиси напуштен, а неговото најголемо богатство е најголемата светска банка на семиња - надеж за иднината во свет што неповратно се менува.

За време на разорна бура, на брегот е исфрлена мистериозна жена по име Роуан. Нејзиното доаѓање го нарушува кревкиот мир на островот и отвора прашања на кои никој не е подготвен да одговори. Додека Роуан се зближува со Доминик Солт и неговите три деца, почнува да се чини дека токму таа е делот што недостасувал во нивното семејство. Но, и таа и Доминик кријат тајни, а со секоја нова бура, недовербата расте.

Кога ќе открие оштетени радиостаници и свежо ископан гроб, Роуан сфаќа дека на островот ништо не е онакво какво што изгледа. Додека светот околу нив се распаѓа, жителите на Ширвотер мора да одлучат дали можат доволно да си веруваат едни на други за да ги заштитат драгоцените семиња што им се доверени, но и дали можат да ги остават трагедиите од минатото зад себе за да создадат нешто ново, заедно. 

Исполнет со неверојатни пресврти, вртоглава убавина и жестока љубов, „Дивиот мрачен брег“ е незаборавен роман за невозможните избори што ги правиме за да ги заштитиме луѓето што ги сакаме, дури и кога светот околу нас исчезнува.

Романот е достапен во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-...
02.
Sep.
Најнови изданија
Новиот прирачник наменет за средните стручни економски училишта - АНАЛИТИЧКО-СМЕТКОВОДСТВЕН ПЛАН од Виолета Несторовска, во издание на „Арс Ламина&ldqu...
05.
Jun.
Најнови изданија
„Околу три по полноќ“ е многу нешта: хибридна проза, експериментален роман, несекојдневен дневник... прегратка меѓу текстуалното и визуелното, ме...
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11 MB