Најнови изданија

Ова лето ќе биде златно и поразлично со романсите од Карли Форчан

10.06.2026.
Ова лето ќе биде златно и поразлично со романсите од Карли Форчан
Ова лето ќе биде златно и поразлично со романсите од Карли Форчан

Постојат автори чии книги се создадени за одредени годишни времиња. Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш тоа е Карли Форчан.

Авторката број 1 на листата на The New York Times е едно од најголемите имиња во современата романтична книжевност. Нејзините романи се продадени во повеќе од четири милиони примероци. Од страниците на книгите, нејзините приказни сè почесто се префрлаат и на малите екрани - романот „Секое лето потоа“ добива серија на Prime Video, а „Ова лето ќе биде поразлично“ моментално се адаптира во серија од 10 епизоди за Netflix.

Пред да стане една од најчитаните авторки на романси денес, Форчан работела како наградувана новинарка и уредничка во престижни канадски медиуми. Израснала помеѓу Австралија и малото канадско гратче Бери’с Беј, место што подоцна станало инспирација за многу од нејзините романи. Денес живее во Торонто со сопругот и двата сина, а инспирацијата често ја црпи од сопствениот живот и љубовната приказна со својот сопруг Марко.

Македонските читатели ова лето имаат можност да уживаат во две нејзини романтични приказни што веќе ги освоија читателите ширум светот - „Едно златно лето“ и „Ова лето ќе биде поразлично“.

„Едно златно лето“ – кога минатото повторно се појавува на хоризонтот

Некои места остануваат засекогаш во нас. За Алис тоа е Берис Беј - магичното езеро каде што како седумнаесетгодишна девојка направила фотографија што ѝ го променила животот и ја насочила кон кариера на успешна фотографка.

Години подоцна, таа се враќа таму со својата баба Нан, надевајќи се на мирно лето и нов почеток. Но спокојството брзо го нарушува добро познат жолт моторен чамец и човекот што го управува - Чарли Флорек, момчето што некогаш било дел од фотографијата што ја прославила.

Сега тој е возрасен, харизматичен и невозможно привлечен. Додека деновите минуваат покрај езерото, а привлечноста меѓу нив станува сè посилна, Алис се соочува со нешто што никогаш не го очекувала, некој што не само што ја гледа, туку навистина ја разбира.

Нежна, емотивна и полна со летна атмосфера, ова е приказна за вторите шанси, семејните врски и храброста да си дозволиме повторно да бидеме видени.

„Ова лето ќе биде поразлично“ - забранета љубов на остров од соништата

Островот Принц Едвард е местото каде што Луси секогаш се враќа за мир, пријателство и бегство од секојдневието. Но таму се наоѓа и Феликс - шармантниот локален заводник кому никогаш не успева целосно да му одолее.

Проблемот е што Феликс е помладиот брат на нејзината најдобра пријателка Бриџит. Иако и двајцата знаат дека нивната врска е комплицирана и ветуваат дека ќе се држат настрана еден од друг, хемијата меѓу нив е едноставно пресилна.

Кога Бриџит ненадејно исчезнува една недела пред својата свадба, Луси заминува на островот за да ѝ помогне. Наместо решение за кризата, ја чека уште поголем предизвик - повторно да се соочи со чувствата што со години се обидува да ги оттурне.

Како и во своите други романи, Форчан и тука создава приказна во која привлечноста, пријателството и личните дилеми се испреплетуваат со атмосферата на едно незаборавно лето.

Совршени книги за летните денови

Со „Едно златно лето“ и „Ова лето ќе биде поразлично“, Карли Форчан уште еднаш потврдува зошто е една од најомилените авторки на современи романтични романи. Нејзините книги се повеќе од љубовни приказни, тие се потсетник на летата што ги паметиме цел живот, на местата што нè обликуваат и на луѓето што успеваат да го променат нашиот свет.

Ако барате книга што ќе ве однесе покрај мирно езеро или на остров опкружен со океан, ова се романите што треба да ги понесете во вашата летна торба.

Романите „Едно златно лето“ и „Ова лето ќе биде поразлично“ се достапни во книжарниците на Литература.мк, како и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-...
02.
Sep.
Најнови изданија
Новиот прирачник наменет за средните стручни економски училишта - АНАЛИТИЧКО-СМЕТКОВОДСТВЕН ПЛАН од Виолета Несторовска, во издание на „Арс Ламина&ldqu...
05.
Jun.
Најнови изданија
„Околу три по полноќ“ е многу нешта: хибридна проза, експериментален роман, несекојдневен дневник... прегратка меѓу текстуалното и визуелното, ме...
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.08 MB