Најнови изданија

„Мојот таблет – пиши-бриши“ – нови интерактивни вежбанки за учење низ игра, за цртање и за бесконечна забава

21.07.2026.
„Мојот таблет – пиши-бриши“ – нови интерактивни вежбанки за учење низ игра, за цртање и за бесконечна забава
„Мојот таблет – пиши-бриши“ – нови интерактивни вежбанки за учење низ игра, за цртање и за бесконечна забава

Учењето е најубаво кога е претворено во игра. Токму тоа го нудат новите интерактивни вежбанки „Мојот таблет – пиши-бриши“, кои на децата им овозможуваат да пишуваат,  да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку пати колку што ќе посакаат. Преку игра, преку истражување и преку повторување, најмалите лесно ги совладуваат првите вештини за пишување, за читање и за математика, додека се забавуваат.

Двете нови изданија деновиве излегоа од печат на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и се наменети за деца од предучилишна возраст.

Секоја вежбанка содржи 32 едукативни активности за таблетот и 32 активности во книгата. Секоја страница нуди по две забавни и едукативни задачи – една активност во која детето ги запишува одговорите директно во вежбанката и друга што се изведува на интерактивниот таблет, преку цртање, преку пишување и преку вежбање.

Со помош на специјалното пенкало за „пиши-бриши“-таблетот, децата можат бесконечно да создаваат, да пробуваат и да учат. Со едно притискање на копчето на врвот на таблетот, нацртаното се брише и тие веднаш се подготвени за нов предизвик и за нова игра.

Двете вежбанки се внимателно осмислени за различни фази од раниот детски развој.

„Мојот таблет – АБВ, 1, 2, 3 и многу повеќе“, наменет за деца над четири години, ги развива првите вештини поврзани со буквите, со броевите, со почетното пишување, со препознавањето форми и со основните поими, преку разновидни и интересни активности.

„Мојот таблет – Први зборови, математика и многу повеќе“, наменет за деца над пет години, ги поттикнува децата да ги развиваат почетните математички вештини, да ги збогатуваат првите зборови, да бројат,  да поврзуваат, да споредуваат и да решаваат едноставни задачи низ игра.

Интерактивните активности ги поттикнуваат концентрацијата, фината моторика, самостојноста и самодовербата кај децата, а можноста за неограничено пишување и бришење го прави учењето уште позабавно, покреативно и поефикасно.

Изданијата се достапни во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-...
02.
Sep.
Најнови изданија
Новиот прирачник наменет за средните стручни економски училишта - АНАЛИТИЧКО-СМЕТКОВОДСТВЕН ПЛАН од Виолета Несторовска, во издание на „Арс Ламина&ldqu...
05.
Jun.
Најнови изданија
„Околу три по полноќ“ е многу нешта: хибридна проза, експериментален роман, несекојдневен дневник... прегратка меѓу текстуалното и визуелното, ме...
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.91 MB