Најнови изданија

„Исидора Мун сака да помогне“ – уште една волшебна авантура од омилената вампир-самовила

17.08.2026.
„Исидора Мун сака да помогне“ – уште една волшебна авантура од омилената вампир-самовила
„Исидора Мун сака да помогне“ – уште една волшебна авантура од омилената вампир-самовила

Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самовила на британската авторка Хариет Манкастер, македонските читатели добија дури пет нови изданија – два нови романи и три книги со активности.

Најновото продолжение од серијалот е „Исидора Мун сака да помогне“, уште една топла, забавна и магична приказна што ќе ги воодушеви најмладите читатели.

Серијалот „Исидора Мун“, кој на македонски јазик го објавува „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е еден од најомилените современи серијали за деца. Со препознатливите црно-розови илустрации, кратките поглавја, нежниот хумор и важните животни пораки, книгите ги поттикнуваат децата да читаат со задоволство и да ја прифатат својата единственост. Исидора е хероина со која лесно се поистоветуваат многу деца, бидејќи покажува дека различностите не се слабост, туку вистинска предност.

Во новата книга, мајката на Исидора – самовила, се разболува од самовилски грип, па, Исидора е решена да стане најдобрата медицинска сестра. Но, како и секогаш, магијата носи неочекувани пресврти. Кога поради една случајна магија нејзината помала сестра Меденка ќе порасне огромна, Исидора мора брзо да најде решение пред проблемот да стане уште поголем. Следува уште една духовита и возбудлива авантура исполнета со: магија, пријателство, семејна топлина и важни лекции за грижата кон другите.

Успехот на серијалот не се должи само на неговата голема популарност меѓу читателите. „Исидора Мун оди на училиште“ е вклучена и во листата на незадолжителна лектира за трето одделение во основното образование, што претставува уште едно признание за вредноста на овие книги како поттик за развивање љубов спрема читањето уште од најрана возраст.

Досега на македонски јазик се објавени 23 книги од серијалот, 19 романи и 4 книги со активности. Да се потсетиме на сите досега објавени наслови:


Романи

„Исидора Мун оди на училиште“

„Исидора Мун слави роденден“

„Исидора Мун оди на балет“

„Исидора Мун оди на кампување“

„Исидора Мун прави зимска магија“

„Исидора Мун запаѓа во неволја“

„Исидора Мун оди на панаѓур“

„Исидора Мун оди на екскурзија“

„Исидора Мун настапува на шоу“

„Исидора Мун оди на одмор“

„Исидора Мун оди на преспивање“

„Исидора Мун оди на свадба“

„Исидора Мун ја запознава забовилата“

„Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“

„Исидора Мун има волшебни сипаници“

„Исидора Мун и новото девојче“

„Исидора Мун под морето“

„Исидора Мун оди на Снежниот фестивал“

„Исидора Мун сака да помогне“


Книги со активности

„Исидора Мун – Сончеви денови“

„Исидора Мун – Забавно лето“

„Исидора Мун: Зимска магија“ (книга со активности)

„Исидора Мун: Светкава зима“


Ако сè уште не сте ја запознале Исидора, сега е вистинскиот момент да зачекорите во нејзиниот необичен свет – свет во кој се спојуваат магијата на самовилите и мистеријата на вампирите, а секоја приказна носи нова авантура, многу смеа и важни животни пораки.

Книгите од серијалот „Исидора Мун“ се достапни во сите поголеми книжарници „Литература.мк“, во други книжарници низ државата, како и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.43 MB