Најнови изданија

Двата последни дела од книгите за Хари Потер излегоа од печат во издание на Арс Ламина

01.04.2022.
Двата последни дела од книгите за Хари Потер излегоа од печат во издание на Арс Ламина

Нова, двојна доза книжевна магија со Хари Потер! Со нетрпение очекуваните шести и седми дел од книжевниот серијал за Хари Потер од Џ. К. Роулинг деновиве излегоа од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Со „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на смртта“ се комплетира серијалот од седум делa за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата. Книгите веќе се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку www.literatura.mk.

Во „Хари Потер и Полукрвниот принц“ Дамблдор доаѓа да го земе Хари уште за време на летниот распуст; една од неговите дланки е поцрнета и сува, но Хари не дознава зошто. Сепак, во тој момент почнува нивната заедничка мисија: да се влезе во темното минато на лордот Волдеморт и да се открие неговата најдлабока тајна. Во меѓувреме, пак, волшебничкиот и маголскиот свет се во хаос. Секојдневно исчезнуваат волшебници и обични луѓе, присуството на дементорите се чувствува насекаде, а министерствата на двата света се на работ на пропаст – знаци дека полека но сигурно Мрачниот господар ја наметнува својата власт. Дури и Хогвортс – најбезбедното место на светот – веќе не може да ја гарантира сигурноста на своите ученици. Силите на доброто и злото веќе длабоко се навлезени во отворена војна.

Во последниот дел од серијалот, „Хари Потер и Реликвиите на смртта“, Хари Потер го напушта домот на Дарслиеви на истиот начин како што и пристигна на Привет драјв бр. 4 – на џиновскиот мотор на Хагрид. Овој пат, сè е поразлично: тој веќе нема да се врати кај своите роднини, магијата што со години го заштитуваше е прекината, а зад неговите петици се смртојадите и лордот Волдеморт. Но, пред конечното соочување со Мрачниот господар, Хари и неговите пријатели мораат да ги пронајдат и да ги уништат преостанатите хоркрукси – зашто само така Волдеморт може да биде поразен и доброто да го надвладее злото.

Инаку, оваа година во светски рамки ќе бидат одбележани 25 години од објавувањето на првата книга од овој популарен книжевен серијал за деца и млади, „Хари Потер“ од Џ. К. Роулинг. Исто така, се одбележуваат и 20 години од премиерата на првиот филм базиран на книжевниот серијал – „Хари Потер и Kаменот на мудроста“.

„Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите на македонски јазик, се приклучува кон одбележувањето на овој јубилеј. Имено, волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс, кој траеше 20 март, а на кој учествуваа стотици ученици од основните и од средните училишта. Најдобрите творби ќе бидат наградени на посебен настан, кој ќе се одржи во текот на овој месец. На настанот, за кој дополнително ќе ги известиме учесниците и фановите на Хари Потер, ќе се најде на глобалната мапа со светски случувања во оваа јубилејна година за Хари Потер.

За сите новости следете ја страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“ https://www.facebook.com/harrypottermkbooks.

Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14804.

„Хари Потер и Полукрвниот принц“ https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14884

„Хари Потер и Реликвиите на смртта“, https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14885

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.95 MB