Најнови изданија

Здив: нова наука за една загубена уметност од Џејмс Нестор ја открива суштината правилното дишење

30.06.2022.
Здив: нова наука за една загубена уметност од Џејмс Нестор ја открива суштината правилното дишење

Без разлика што јадете, колку вежбате, колку сте слаби, млади или мудри, ништо од тоа не е важно ако не дишете правилно. Ова е главната порака на новата книга од областа на популарната наука – „Здив: нова наука за една загубена уметност“ од новинарот Џејмс Нестор. Книгата излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Нема ништо посуштинско за нашето здравје и за нашата благосостојба од дишењето: внесување воздух, па испуштање, и така дваесет и пет илјади пати на ден. Сепак, како вид, луѓето во голема мера ја имаат изгубено способноста за правилно дишење – што со себе носи тешки последици. Новинарот Џејмс Нестор патува низ светот за да открие што тргнало наопаку со дишењето и бара начини како да го поправи тоа. Одговорите не се наоѓаат во пулмолошките лаборатории, како што би можеле да очекуваме, туку во калливите останки на древни гробишта, тајните советски објекти, хорските училишта во Њу Џерси и на магливите улици на Сао Пауло.

Нестор им влегува во трагата на луѓе кои ја истражуваат скриената наука зад низа древни практики на дишење, како пранајама, сударшан крија и тумо, и се здружува со други пулмонаути како него, за да ги тестира научно долгогодишните верувања во однос на тоа како дишеме.

Потпирајќи се и на медицински текстови стари илјадници години и на неодамнешни врвни студии во пулмологијата, психологијата, биохемијата и човечката физиологија, „Здив“ извршува темелно превреднување на она што сме мислеле дека го знаеме за нашата најосновна биолошка функција. Веќе никогаш нема да дишете исто.

Книгата „Здив: нова наука за една загубена уметност“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14923

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.79 MB