Најнови изданија

„Очилата на Медо“ – топла и духовита авантура за малите читатели

06.06.2026.
„Очилата на Медо“ – топла и духовита авантура за малите читатели
„Очилата на Медо“ – топла и духовита авантура за малите читатели

Нова сликовница што ќе ги насмее децата и ќе ги поттикне да гледаат на светот со љубопитност и имагинација пристигна во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина - публикации“. „Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична авантура.

Медо не може да ги најде своите очила. Убеден е дека сигурно ги заборавил кај својата пријателка, жирафата Живка, па веднаш тргнува кон нејзиниот дом. Но, патот до таму е полн со изненадувања. Без очилата, Медо почнува да забележува животни што никогаш порано не ги видел во шумата - слон, крокодил, фламинго, елен... А кој е оваа долга шарена змија што лежи на лежалката на Живка?

Трпеливата Живка брзо ја открива вистината. Очилата на Медо се токму таму каде што најчесто се губат - на неговата глава. Но, тоа не е крајот на приказната. Возбуден од своето откритие, Медо ја води Живка да ги запознае чудесните животни што ги видел по патот, убеден дека направил неверојатно откритие.

Со препознатливите илустрации полни со детали, хумор и емоции, Лео Тимерс создава приказна што ги освојува и децата и возрасните. Низ една класична комична ситуација, тој вешто покажува колку поинаку може да изгледа светот кога го гледаме низ различни очи и колку е важно да ја задржиме детската љубопитност.

„Очилата на Медо“ е совршена сликовница за заедничко читање, која низ смеа зборува за пријателството, перцепцијата и радоста од откривањето на светот околу нас.

Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.93 MB