Најнови изданија

Пијанистика 1 на м-р Дирона Соколовска е нова публикација со основи на музичката писменост за пијано

24.11.2022.
<strong>Пијанистика 1 на м-р Дирона Соколовска е нова публикација со основи на музичката писменост за пијано</strong>

Новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ на м-р Дирона Соколовска неодамна излезе од печат во издание на „Арс Ламина“. Публикацијата претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко образование.

Книгата преку оригинален метод и интегрирани содржини од сродни подрачја (историја на музиката и теорија на музиката) на корисниците без и со претходно музичко образование ќе им овозможи системско и темелно совладување на вештината за свирење на пијано и запознавање со богат репертоар на национална и светска музичка литература. Во книгата, освен теориски содржини наменети за објаснување на поимите од теоријата на музиката (тоналитет, скала, акорд, интервал, начини на свирење итн.) и историјата на музика (конструирање на пијаното, историјат и типови на пијана), се содржат близу 150 нотирани музички дела – нотни партитури од композиции за свирење на пијано со две раце. Овие партитури опфаќаат оригинални авторски композиции од авторката за почетници, автентични композиции за пијано од светското класично музичко творештво, но и композиции од домашни, национални композитори, кои се вклучија со свој придонес во публикацијата. Во книгата, авторката користи и обработени популарни класични теми, песни од мјузикли на Бродвеј, џез-стандарди, како и аранжмани за пијано на песни и ора од регионалните етнички и културни поднебја.

Методот за изучување пијано во „Пијанистика 1“ е оригинален, создаден од авторката преку грижливо евидентирање, анализа на податоци и педагошка практика со ученици од најмала до средна возраст, во текот на сопствената 25-годишна работа како педагог по пијано, а со цел ефективно и ефикасно совладување на градивото и усвојување на знаењата. Секоја тематска единица е грижливо обработена и содржи: воведен текстуален дел, кој на корисникот му помага да го поврзе знаењето со претходни знаења; практичен дел – избор нотен материјал од ризницата на светската музика за свирење, наменет за усвојување на новото знаење преку свирење; и заклучен дел – за проверка на знаењето.

„Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ e корисна литература за младите и возрасните почетници и може да најде примена кај учениците во средните музички училишта, како и кај сите оние што сакаат да ги совладаат основните техники на инструментот пијано.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14982

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-...
02.
Sep.
Најнови изданија
Новиот прирачник наменет за средните стручни економски училишта - АНАЛИТИЧКО-СМЕТКОВОДСТВЕН ПЛАН од Виолета Несторовска, во издание на „Арс Ламина&ldqu...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.93 MB