Најнови изданија

Романот Ние од Ана Стојаноска ја раскажува љубовната приказна низ призмата на жената и низ призмата на мажот

26.12.2022.
Романот Ние од Ана Стојаноска ја раскажува љубовната приказна низ призмата на жената и низ призмата на мажот

Четвртиот роман на писателката Ана Стојаноска, „Ние“, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ракописот на Стојаноска влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година (заедно со „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој ја доби наградата „Пегаз“, и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска), што ја доделува „Арс Ламина“ во соработка со фондацијата „Славко Јаневски“.

Авторката вели дека романот има интересна, загонетна структура во трите елементарни форми на нарација (јас, ти и ние форма) и истовремено си игра со читателот, поставувајќи го во централната позиција на откривање на тоа што е вистинито, а што измислено во делото.

Романот е концентриран на една навидум обична љубовна приказна, помеѓу една писателка и нејзиниот маж, а всушност раскажува неколку попатни приказни, постхумно откриени од страна на нејзиниот сега веќе возрасен син. Книгата си игра и со приказната и со читателите, создавајќи една динамична наративна линија, во која еден настан е раскажан и низ призмата на машкиот и низ призмата на женскиот главен лик.

Ана Стојаноска создава роман што излегува од рамките на вообичаеното раскажување и покажува како една љубовна приказна може да биде третирана како наративен предизвик.

Ова е четвртиот роман на Ана Стојаноска, по „Јас и Лин, отпосле“ (за кој го доби „Рациновото признание“ за 2017 година), „Дијалози во еднина“ и „Лебед“.

Ана Стојаноска (Прилеп, 1977) е писателка, театролог, редовна професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје и актуелна директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Авторка е на повеќе од сто библиографски единици од областа на книжевноста, театрологијата и културологијата. Авторка и коавторка на неколку театарски монографии и собрани драми. Нејзината поетска збирка „Потпис: Трепетлика“ ја доби наградата „Антево перо“ за 2020 година.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk преку следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15006

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-...
02.
Sep.
Најнови изданија
Новиот прирачник наменет за средните стручни економски училишта - АНАЛИТИЧКО-СМЕТКОВОДСТВЕН ПЛАН од Виолета Несторовска, во издание на „Арс Ламина&ldqu...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.92 MB