Најнови изданија

Последната годишнина од Лијан Моријарти е роман за бегството од навидум совршениот живот

30.12.2022.
Последната годишнина од Лијан Моријарти е роман за бегството од навидум совршениот живот

Од авторката на бестселерите „Девет совршени туѓинци“ и „Три желби“, Лијан Моријарти, од печат излезе романот „Последната годишнина“. Верзијата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Главната протагонистка Софи Ханивел отсекогаш се прашувала дали згрешила кога го оставила Томас Гордон. Бил совршен, но на денот кога ја запросил, Софи му го скршила срцето.

Една година подоцна, Томас повторно влегува во нејзиниот живот за да ја извести дека ја наследила куќата на неговата тетка Кони на островот Скрибли Гам. Софи се сели на островот и го запознава семејството на Кони – галерија од интересни и необични ликови. Меѓутоа, по смртта на сестра си, Роуз почнува да се прашува дали еднаш одамна таа и Кони донеле добра одлука и дали дошло времето да ја открие тајната од дамнешното минато што би можела на сите да им ги промени животите од корен...

„Последната годишнина“ е драматична, но пријатна мистерија за жените кои сакаат да избегаат од навидум совршениот живот.

Писателката Лијан Моријарти е австралиска писателка и авторка на девет романи – меѓународни бестселери, вклучително и на бестселерите на „Њујорк тајмс“: „Тајната на сопругот“, „Големи мали лаги“ и „Вистински лудо виновни“. Нејзините книги ги читаат над четиринаесет милиони читатели низ светот. На основа на нејзините романи снимени се популарните ТВ-серии „Девет совршени туѓинци“ и „Големи мали лаги“ со Никол Кидман во главна улога.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14974

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.9 MB