Најнови изданија

Книгата Што ти се случило? од Опра Винфри и Брус Д. Пери ќе го промени начинот на кој го гледате својот живот

26.01.2023.
Книгата Што ти се случило? од Опра Винфри и Брус Д. Пери ќе го промени начинот на кој го гледате својот живот

Бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“, „Што ти се случило: разговори за траумите, за отпорноста и исцелувањето“ од Опра Винфри и Брус Д. Пери деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Според критиката, оваа книга ќе го промени начинот на кој го гледате вашиот живот.

Дали некогаш сте се прашале „Зошто го направив тоа?“ или „Зошто не можам да го контролирам моето однесување?“ Другите можат да ги осудат нашите реакции и да помислат „Што не е во ред со оваа личност?“ Кога ги преиспитуваме нашите емоции, лесно е да ја лоцираме вината во себе; себеси и на другите околу себе да им поставуваме невозможни стандарди. Време е да почнеме да си поставуваме поинакво прашање.

Низ длабоко лични разговори, Опра Винфри и реномираниот експерт за трауми и мозок д-р Брус Пери нудат револуционерна и длабока промена, прашувајќи „Што е со тебе“ или „Што ти се случило?“

Нашите најрани искуства далекосежно ги обликуваат нашите животи и „Што ти се случило?“ обезбедува моќни научни и емоционални сознанија за моделите на однесување што многумина од нас се борат да ги разберат.

Во оваа книга, Винфри споделува приказни од сопственото минато, сфаќајќи ја од искуството ранливоста што доаѓа поради соочувањето со трауми од раното детство. Здружувајќи ги силите со д-р Пери, еден од водечките експерти за деца и развој на мозокот, тие ја спојуваат моќта на раскажувањето приказни со науката за да ги разберат подобро и да ги надминат ефектите од нашето минато.

Во разговорот низ книгата, двајцата се фокусираат на разбирањето на луѓето, на однесувањето и на нас самите. Тоа е суптилна, но длабока промена во нашиот пристап кон траумата и тоа е она што ни овозможува да го разбереме нашето минато за да го расчистиме патот кон нашата иднина – отворајќи ја вратата за издржливост и заздравување на докажан, моќен начин.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15009

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.91 MB