Најнови изданија

Соња Трајковска: Првиот Македонски-унгарски разговорник го напишав поради недостиг на домашна литература за овој јазик

27.01.2021.
Соња Трајковска: Првиот Македонски-унгарски разговорник го напишав поради недостиг на домашна литература за овој јазик

Со цел да им го приближи унгарскиот јазик на македонските граѓани, авторката Соња Трајковска го напиша првиот „Македонско-унгарскиот разговорник“ кој вчера беше промовиран онлајн на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Се работи за кратко, но конструктивно дело во кое се вметнати секојдневни фрази што ќе му помогнат на секој турист или посетител да се снајде додека е во оваа земја, а воедно е вклучен и мал речник на термини.

Трајковска на оваа книга соработувала со лекторката Шарлота Папаи која сега живее во Унгарија, но четири години престојувала во Скопје и работела како лектор по унгарски јазик. Разговорникот го објави издавачката куќа „Арс Ламина“ и е достапен во книжарниците „Литература.мк“ како и да се нарача онлајн на www.literatura.mk.
 
Онлајн-промоцијата ја водеше уредникот на книгата, Филип Видиновски, а покрај авторката учествуваше и лекторката Папаи. Трајковска истакна дека го совладала унгарскиот јазик уште како дете со оглед на тоа дека е родена во таа држава и воедно нејзината мајка е Унгарка. Но, во факултетските денови во Македонија, иако сакала да се запише на студии за подлабоко да го совлада тој јазик, ја немала таа опција со оглед на тоа дека не постои катедра по унгарски јазик.
 
– Барав и стручно издание за подлабоко да го научам јазикот, но немаше во книжарниците. Поради тоа одлучив дека треба да се почне со нешто, односно со еден мал разговорник кој може да помогне во секојдневна комуникација. Љубопитни туристи, луѓе на состаноци со негова помош може се снајдат кога ќе отидат во Унгарија. Разговорникот е конципиран за Македонците, односно унгарскиот јазик има специфични букви кои се тешки за читање поради што зборовите се напишани со посебен изговор и на кирилица за да не се појави проблем во читањето – истакна Трајковска и додаде дека во иднина размислува за адаптација на овој разговорник, но за Унгарците како и амбициозен проект – да се направи и речник.

Лекторката Папаи, пак, потенцираше дека ваков разговорник би ѝ бил од огромна помош кога пристигнала во Македонија и ѝ било огромно задоволство што соработувала со Трајковска, а се надева и на нови проекти. Иако ова е прво дело на авторката, таа е насочена кон подготовка на нови изданија врзани со унгарскиот јазик.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.92 MB