Најнови изданија

Мишо Китаноски: Работејќи како новинар, слушнав приказни за Мис Стон и за Крлежа кои се дел од книгата Прстен и парфем

26.02.2021.
Мишо Китаноски: Работејќи како новинар, слушнав приказни за Мис Стон и за Крлежа кои се дел од книгата Прстен и парфем

 Како професионален новинар од 1967 година, имав можност да влезам во сите села и градови и да разговарам со стотици луѓе. Приказната за Мис Стон ја слушнав во 1969 година во Берово, а ми се потврди во 1971 година во Струмица, каде ми ја раскажа припадник на нејзината верска организација – истакна Мишо Китаноски на вчерашната онлајн-промоција на неговата збирка раскази „Прстен и парфем“.
 
Станува збор за книга која е составена од седум различни приказни и е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата веќе може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарача преку веб-страницата www.literatura.mk.
 
Онлајн-промоцијата ја водеше уредничката на „Прстен и парфем“, Бисера Бендевска и комплетното видео може да го погледнете на следниот линк. Во неговото дело, Китаноски раскажува и легенди и приказни за тоа „Што ја натерало Мис Стон да го подари мајчиниот прстен?“, „Како се спасил од стрелање Мирослав Крлежа?“ и „Зошто доктор Арчибалд Рајс посакал неговото срце да почива на Кајмакчалан?“, „Дали со козите на Лазар Колишевски почна иселувањето на македонските села?“, „Како стигнала Сара Бернар да им пее на војниците пред да тргнат на Македонскиот фронт во Солун?“, „Што ја спречувало Мара Бунева да го повлече чкрапецот и да убие?“.

Авторот вели дека сакал да раскаже приказни за луѓе кои дошле или живееле во нашата земја и оставиле дел од својата душа. Китаноски посочува дека пишувањето е најтежок занает на светот, но и дека најчесто животот ги пишува романите.
 
Китаноски бил новинар, уредник и главен и одговорен уредник на повеќе весници и списанија. Ги објавил книгите „Сите деца се исти“ и „Џамлии и лифтови“ (песни за деца), „Потпис: Сандра“ (поезија за возрасни) и „Летописи за македонските села“ (приказни и рецензии) како и публицистичките изданија: „Бела книга – црно писмо: македонски индекс на забранети дела“, „Пиринска историска вистина“ и „Децата бегалци од Егејска Македонија во Југославија“, а приредил и неколку зборници. Според негови сценарија се снимени и емитувани повеќе од десет ТВ-документарни филмови.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.92 MB