Најнови изданија

Која холивудска филмска дива била инспирација за бестселерот Седумте мажи на Евелин Хуго?

30.09.2021.
Која холивудска филмска дива била инспирација за бестселерот Седумте мажи на Евелин Хуго?

Има нешто неодоливо во приказната за Евелин Хуго. Звучи гламурозно, мистично, скандалозно, романтично, недостижно, а сепак... познато. Како реалноста да оставила отпечатоци во фикцијата. Од авторката на бестселерот „Дејзи Џонс енд Д сикс“, Тејлор Џенкинс Рејд неодамна од печат излезе романот „Седумте мажи на Евелин Хуго“. Двете книги се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Книгата, која е бестселер на „Њујорк тајмс“, беше најпродаваната книга на годинашниот Саем на книгата.

Приказната се движи околу возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, која конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега? Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ѝ е во ќор-сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ѝ ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како што приказната на Евелин се приближува кон крајот, така станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.

Елизабет Тејлор, Ава Гарднер и Рита Хејворт

„Седумте мажи на Евелин Хуго“ е историска фикција првично објавена 2017 година. Иако во романот главната хероина, 79-годишната старлета Евелин Хуго, е измислен лик, сепак многу заличува на најпознатите холивудски диви, како Елизабет Тејлор, Ава Гарднер и Рита Хејворт. Тоа го потврдува и самата авторка на книгата, Рејд, која признава дека за приказната делумно се инспирирала од животот на Елизабет Тејлор, која беше во брак осум пати со седум различни мажи, како и Ава Гарднер, која ги открила своите животни тајни на анонимен новинар. Исто така, и Рита Хејворт имала големо влијание врз ликот Евелин Хуго. Хејворт, чијшто татко бил Шпанец, имала многу слични почетоци како Хуго, што може да се прочита на почетокот на романот.

Романот беше номиниран за наградата „Гудрид чојс“ за најдобра историска фантастика во 2017 година. Во 2019 година, студиото „Фриформ“ и „Фокс 21“ ги откупија правата за развој на сценариото за серија.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14712

https://blog.literatura.mk/2021/09/17/top-10-najprodavani-knigi-na-saem-na-knigata-2021/
Избор: Wikipedia

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.93 MB