Најнови изданија

„Полноќна гозба“ – нов напнат трилер од Луси Фоли

13.03.2025.
„Полноќна гозба“ – нов напнат трилер од Луси Фоли
„Полноќна гозба“ – нов напнат трилер од Луси Фоли

Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за нов мистериозен трилер, по успехот на „Списокот со гости“, „На лов“ и „Станот во Париз“.

Романот започнува на ноќта на отворањето на новиот и раскошен хотел „Дворецот“ кој се наоѓа на самото крајбрежје.

Базенот блеска, во шумските колиби се поставени торбички со исцелителни кристали за гостите, а коктелот „дворска мазга“ (грејпфрут, ѓумбир, вотка и масло од канабис) се точи во изобилство. Стотици фенери висат од гранките. Свири харфистка во живо. Но, древната шума која се наоѓа околу совршено средениот имот, чува свои тајни.

Локалната заедница, непријателски настроена кон хотелот поради неговото проширување кон плажата и шумата, тивко шепоти за стара паган ска легенда – за ноќните птици-одмаздници што може да се повикаат за да донесат правда. Секако, тоа е само легенда, нели? За време на викендот на отворањето на хотелот, локалната полиција добива повик. Пожар. Мртво тело. Нешто не е во ред со гостите. Што се случило во последните 36 часа во „Дворецот“? И кој – или што – е одговорен за тоа?

Сопственичката.

Нејзиниот сопруг.

Таинствената гостинка.

Кујнскиот помошник.

Сè почна со една тајна, пред петнаесет години. А, сега, минатото се појавува како непоканет гостин. И сето тоа ќе заврши со смрт… на летната полноќна гозба. Секој носи свои мотиви. Секој има своја приказна. Но, сите нема да ја прежи веат… полноќната гозба.

Дигиталната ера ја доби својата Агата Кристи!


„Полноќна гозба“ е достапна во поголемите книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.92 MB