Најнови изданија

Промоција на „Италијанската литература и култура...“ во рамките на Недела на италијанскиот јазик

24.10.2025.
Промоција на „Италијанската литература и култура...“ во рамките на Недела на италијанскиот јазик
Промоција на „Италијанската литература и култура...“ во рамките на Недела на италијанскиот јазик

Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ Јосимовска ќе биде промовирана на 29 октомври (среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Промоторка на изданието на „Арс Ламина“ ќе биде проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, а на настанот ќе се обрати и уредничката Цветанка Стоилова. Промоцијата се одржува во рамките на 25. Недела на италијанскиот јазик во светот, која годинава се одбележува од 13 до 30 октомври 2025 година.

Книгата ги запознава читателите со творештвото и достигнувањата на најзначајните претставници на барокот, просветителството и неокласицизмот во Италија, имајќи ги предвид придобивките на нивното творештво и истражување врз целокупниот понатамошен развој на науката и културата на глобално ниво: хелиоцентричната теорија застапувана од Џордано Бруно, емпирискиот метод на Галилео Галилеј (покрај многу други епохални иновации), филозофијата на историјата од Џамбатиста Вико, иновативните вешти метафори на Џамбатиста Марино, реформата на театарот на Карло Голдони, општествено ангажираната поезија на Џузепе Парини, интроспективните морални драми на Виторио Алфјери, импровизирачката моќ на актерите на Commedia dell’arte, вештите поигрувања со традиционалните форми и актуелните теми на Винченцо Монти и многу други новини претставени во теоретскиот дел и поткрепени во практичниот дел со извадоци од конкретните дела.

Паралелно со книжевните вредности кои ги истакнува книгата, за секој од споменатите периоди е направен преглед на значајни уметнички дела од музиката, скулптурата, архитектурата или сликарството.

Книгата ќе биде достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.89 MB