Најнови изданија

„Посакувам да си тука“ од Џоди Пико е трогателен роман за издржливоста на човечкиот дух во моменти на глобална криза

21.01.2026.
„Посакувам да си тука“ од  Џоди Пико е трогателен роман за издржливоста на човечкиот дух во моменти на глобална криза
„Посакувам да си тука“ од  Џоди Пико е трогателен роман за издржливоста на човечкиот дух во моменти на глобална криза

Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселер број еден на „Њујорк тајмс“ и бестселер на „Сандеј тајмс“, сега ќе може да се прочита и на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Станува збор за длабоко трогателен роман за издржливоста на човечкиот дух во моменти на глобална криза.

Главниот лик - Дајана О’Тул има совршено испланиран живот: брак до триесеттата, деца до триесет и петтата, дом во предградие на Њујорк и успешна кариера во светот на уметничките аукции. Сè оди според планот – нејзиното момче Фин е подготвено да ѝ предложи брак за време на нивното романтично патување на Галапагос, токму пред нејзиниот роденден. Но, ненадејно избувнува вирус и Фин мора да остане во болница. Дајана, против својата волја, заминува сама. Работите веднаш тргнуваат наопаку: изгубен багаж, нема интернет, хотелот е затворен, островот е во карантин. Заглавена и отсечена од светот, Дајана е принудена да излезе од својот безбеден „балон“ и постепено се зближува со едно локално семејство, особено со една тинејџерка што крие тајна. Среде магичната природа на Галапагос, Дајана почнува да ги преиспитува сопствените соништа, љубовта и иднината. Дали ќе се врати дома како истата личност – или засекогаш променета?

„Моќна, емотивно набиена приказна за издржливоста и триумфот на човечкиот дух.“

— Тејлор Џенкинс Рејд, авторка на „Седумте мажи на Евелин Хуго“ и „Дејзи Џоунс енд д Сикс“

Романот е достапен во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 520 МКД
8,41 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
13.
Jul.
Најнови изданија
Како да ги прифатите сопствените граници и да им се посветите на вистинските цели? Ова е централното прашање што го поставува новата книга „Медитации з...
22.
Jun.
Најнови изданија
Романот „Дивиот мрачен брег“ од Шарлот Меконаги е моќна и неизвесна приказна за љубовта, довербата и опстанокот на самиот крај од светот.
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
27.
Nov.
Најнови изданија
Излезе од печат новата книга на писателот Александар Русјаков – „Егосурфер“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од &bdquo...
24.
Oct.
Најнови изданија
Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-...
02.
Sep.
Најнови изданија
Новиот прирачник наменет за средните стручни економски училишта - АНАЛИТИЧКО-СМЕТКОВОДСТВЕН ПЛАН од Виолета Несторовска, во издание на „Арс Ламина&ldqu...
05.
Jun.
Најнови изданија
„Околу три по полноќ“ е многу нешта: хибридна проза, експериментален роман, несекојдневен дневник... прегратка меѓу текстуалното и визуелното, ме...
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.94 MB