Литература

Станот во Париз - роман во манирот на Агата Кристи

30.08.2023.
Станот во Париз - роман во манирот на Агата Кристи

Издавачката куќа „Харпер Колинс“ избра авторка која ќе ја продолжи работата на официјалните продолженија на авантурите на Херкул Поаро – јунакот од романите на Агата Кристи. Покрај ова, постојат автори кои, и без официјален благослов, пишуваат во манирот на „кралицата на крими-романите“. Една од нив е и Луси Фоли. Оваа Британка неколку години работеше како уредничка пред да се охрабри да го напише својот прв роман „Книга на изгубено и најдено“. По големиот успех на овој љубовен роман, таа потполно се посвети на пишувањето, патувањата и сликањето. 

Освен начинот на живот, таа реши да го промени и жанрот. Ги напушти љубовните приказни и во целост се посвети на крими-романите. Следуваа „На лов“, „Списокот со гости“ и „Станот во Париз“ (сите преведена на македонски и во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина публикации“). 

Секој кој ги читал книгите на Агата Кристи ќе го препознае нејзиниот дух во овие книги. Луси Фоли не крие дека токму тоа ѝ е намерата. 

„Сакав модерна Агата Кристи и токму таа желба ме наведе да напишам трилер“, изјави таа по повод објавувањето на романот „На лов“. „Клучната разлика е во тоа што во раните дела на Кристи постојат детективот Поаро, госпоѓицата Марпл и полицаец. Не го сакав тоа. Намерата ми беше да излезам од таа шема, во приказната да го изоставам детективот и на тој начин нарацијата да ја направам поморничава.“

Одличен показател дека и другите ја препознаваат сличноста е тоа што Луси Фоли е избрана како една од 12-те авторки кои, сега со благослов на Фондацијата Агата Кристи, напишаа нови приказни за госпоѓицата Марпл („Марпл: дванаесет нови приказни“).  

„Станот во Париз“ е нејзиното најново дело кое во превод на Весна Ликар го објави издавачката куќа „Арс Ламина“. Оние кои претходно се среќавале со нејзините книги знаат што точно да очекуваат од оваа авторка. 

Станува збор за мала група луѓе (само)изолирани во луксузна куќа во Париз. Зад богатството и гламурот се кријат влага и рушевини. Една девојка, непоканет гостин, влегува во тој свет и открива пукнатини во преубавата глазура, а нејзиното патешествие во откривањето на вистината за тоа што се случило со нејзиниот брат, го следиме од аглите на повеќе наратори...

Овој пат авторката оди малку подалеку од критика на општествената елита и срамежливо се осврнува на мрачната страна на Градот на светлината, каде богатството и бедата се сместени едни покрај други. 

Главната хероина Џес, Британка која едвај врзува крај со крај, доаѓа во Париз за да најде прибежиште во домот на нејзиниот многу побогат и поуспешен брат Бен. Наместо братот, во неговиот стан наоѓа само траги од крв. И додека на само неколку стотини метри од неговиот стан се случува вистинска мала граѓанска војна во која демонстрантите се тепаат со полицијата, Џес ја води својата битка со станарите на зградата за да открие што се случило и каде е нејзиниот брат. 

Приказната е толку непредвидлива што дури на последната страница можеме да бидеме апсолутно сигурни што всушност се случило. 

„Станот во Париз“ е роман кој се наоѓа на тромеѓата на серијата „Само убиства во зградата“, друштвената игра Clue и, секако, романите на Агата Кристи. Ако сакате помодерна варијанта на Кристи, тогаш оваа книга е вистинскиот избор.   

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Jul.
Литература
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш...
01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
01.
Jul.
Литература
Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат...
01.
Jul.
Литература
Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во изд...
01.
Jul.
Литература
Големиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во Тирана, од срцев удар, на 88-годишна возраст. Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари ...
29.
Jun.
Литература
Летниот одмор не може да се замисли без добра книга. Книгите се одлична придружба во летните денови, поминати под сенката на плажа, во ладовина на планина ил...
05.
Jun.
Литература
Разговаравме со македонскиот автор Владо Јаневски за наградата и едицијата „Пегаз“, за процесот на пишување и конкурирање.
07.
May.
Литература
Не творам за да бидам наградуван, пишувам затоа што не можам да живеам без тоа, иако, на крајот, доколку се случи делото да биде наградено, уживам во резулта...
02.
May.
Литература
Овој празничен период развеселете ги своите најмили со најшарените велигденски изданија за деца. Наполнете ја книжевната велигденска кошница со сликовници, к...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.49 MB