Литература

„Резерва“ – најпродавана публицистичка книга во историјата

15.09.2023.
„Резерва“ – најпродавана публицистичка книга во историјата

На денешен ден, 15 септември, во 1984 година е роден Хенри Чарлс Алберт Дејвид, познат како принцот Хари. Излегувањето од печат на неговите мемоари, насловени како „Резерва“, го дигна светот на нозе. Ден по објавувањето, книгата постигна рекордна продажба од 400.000 примероци.

 

Годинава, принцот Хари ги објави своите мемоари насловени како „Резерва“, кои веќе следниот ден станаа најпродаваната публицистичка книга во историјата. За само 24 часа беа продадени 400.000 примероци во електронска, аудио и печатена форма. „Отсекогаш знаевме дека оваа книга ќе успее, но ги надмина и нашите очекувања. Колку што знаеме, единствени книги што во првиот ден се продале во поголеми бројки се оние во кои е ѕвезда друг Хари (Потер)“, изјави Лери Финли, директор на издавачката куќа „Пингвин рендом хаус“.

„Резерва“ е приказна на принцот Хари раскажана со неговите сопствени зборови. Насловот се однесува на улогата на Хари на војвода од Сасекс како „заменски наследник“ на монархијата.

Автобиографијата на принцот светските медиуми ја прогласија за „експлозивно четиво“. Хари во книгата изнесува шокантни детали од животот на кралското семејство, од физичкиот судир со братот, принцот Вилијам, и признанието дека користел дрога, сè до неговиот однос со маќеата, инаку сегашна сопруга на кралот, и искуствата во војска.

Во мемоарите тврди дека Вилијам, кој веќе 40 години има имиџ на сталожен и смирен принц, физички го нападнал поради сопругата Меган Маркл. Хари пишува дека братот го фрлил на под и дека паднал на грб, кршејќи сад со храна за кучиња.

Иако од претходно се знаеше за неговите проблеми со дрогата и алкохолот, во мемоарите открива дека пробал кокаин мошне млад – на само 17 години. „Не ме усреќи нешто посебно како што изгледаше дека ги усреќува сите околу мене, иако сепак, се чувствував поинаку, а тоа и беше главната цел. Да се чувствувам. Поинаку. Бев длабоко несреќно седумнаесетгодишно момче подготвено да проба речиси сè што ќе му ја промени непроменливата ситуација,“ пишува во неговите мемоари.

Хари во мемоарите тврди дека брат му и неговата тогашна девојка Кејт го наговориле да облече нацистичка униформа. Во неа се појавил на костимирана забава, видно алкохолизиран, го фотографирале папараци и потоа фотографијата осамна на страниците на таблоидот „Сан“. Иако неодамна призна дека жали поради тоа и дека тоа е најголемата грешка што ја направил во животот, во книгата пишува дека главни виновници за сè се брат му Вилијам и снаа му Кејт. Во мемоарите пишува и за кралот Чарлс и неговата сопруга Камила. На неа гледал како на лоша маќеа која ја обвинува дека соработувала со таблоидите. Освен тоа, Хари изнесува и некои мошне приватни детали, па така открива како ја изгубил невиноста на ливада зад некој паб кога имал 17 години. Наведува дека тоа се случило со постара госпоѓа, љубителка на коњи, која го „третирала како млад пастув“.

Оваа книга досега е објавена на триесетина јазици. На македонски јазик ја објави „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“) и е на листата на топ 10 најпродавани книги во книжарниците на „Литература.мк“.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/biografii-i-memoari-publicistika/32884-rezerva

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
590 МКД
9,55 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Литература
Денеска одбележуваме 61 година од разорниот скопски земјотрес. Историјата, луѓето, архитектурата и населбите на Скопје се проткаени низ повеќе книги во издан...
26.
Jul.
Литература
За кратко време сите излегоа надвор. Децата беа по гаќи и по маица, таа по ноќница, а тие двете, двоглавата змија, стуткани до своите мажи, беа без шминка, б...
26.
Jul.
Литература
Не се согласувам, зборуваше Олга, сакам да се вратам во сонот и да се разбудам во некое друго утро, а луѓето трчаа низ правта што стануваше сè полесна...
25.
Jul.
Литература
Во пресрет на почетокот на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз, се потсетуваме на успесите на нашите спорти...
24.
Jul.
Литература
Нејзината импресивна приказна ја раскажува во биографската книга „Вистините во кои веруваме“, која на македонски јазик е во издание на „Арс...
21.
Jul.
Литература
Со книжевни настани во библиотеки, книжарници и културни институции во светски рамки деновиве се одбележуваат 125 години од раѓањето на големиoт американски ...
19.
Jul.
Литература
Ви претставуваме избор со топ 5 книги што ги препорачуваме за сите млади читатели за ова лето, кои ветуваат возбудливи и незаборавни авантури.
04.
Jul.
Литература
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш...
01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11 MB