Литература

Повик за спас - Согорување на душата

12.03.2024.
Повик за спас - Согорување на душата
Повик за спас - Согорување на душата

Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова

 

 

“Умот е уред без црвено копче.”

Иако по непишани правила, хорорите се случуваат на фарми, во темните агли на густо вегетирани шуми, на напуштени автопати и  во опседнати куќи, кои се занимаваат со паранормалното, ретко кога, со отворени очи и усни искривени од крик, гледаме во очите на хорорите што се случуваат околу нас, а тоа се судбините исплетени во менталните институции. Пациентите исто како и првите, заробениците во куќите на ужасот, викаат без да бидат слушнати, протестираат без уважување на нивниот глас кој општеството малициозно го оспорува. Ова бавно согорување на душата, едно спонтано горење на човечното во човекот без разлика на која фреквенција застанала менталната рамнотежа е брутално опишано во книгата „Повик за спас„ од еден од најсилните гласови во современата италијанска книжевност- Даниеле Менкарели.

Во време кога секој трет тинејџер се чувствува потиштено, депресивно и анксиозно и статистиката е генерациски аперитив на ниво на семејство, овој стотинастраничен роман, автофикција за најголемото злосторство направено врз човекот-раситнувањето на неговата душевност, доаѓа како прочистување. Вознемирувачкото патешествие на Даниеле, неслучајно крстен по авторот е една јамка, далеку поинтимна, па може да се размислува за неа и како катета на темелната работа на Кен Кисеј подврзана во антологиската „Лет над кукавичкото гнездо“. Во душевната болница може да се почувствува скапувањето и покрај остриот и продорен мирис на дезинфициенси и препознатливиот на фармаколошки раствори и апчиња кој се излачува од урината и тоалетите, од потта и солзите на пациентите, од празнината која по секое ново помрачување останува празна, без срце, без ритам, без потскокнување на радост и болка. 

Јуни 1994 година. На светското првенство во фудбал Италија е поразена од Ирска. Даниеле доживува исклучително насилна епизода при која татко му колабира по што му е одредена седумдневна психијатриска опсервација. Хоспитализиран е присилно, во привремен “стационар” каде најчесто се упатуваат пациентите со акутни симптоми за понатамошна експлорација и евалуација. Иако крајно изреволтиран од изборот и безизлезноста, Даниеле постепено започнува да се чувствува прифатено и безбедно на единственото место на кое ни на сон не би престојувал. Секој со свој жиг, Мадонина, Џанлука, Џорџо и Марио заедно со Даниеле стануваат пакт, си пружаат меѓусебна поддршка, влегуваат во улога на морални судии пред да седнат на клупата на обвинети поради тоа неблагородно отстапување од нормалноста. Во виорот од разлетани инхибитори на серотонин, преплашени медицински сестри и незаинтересирани доктори, единствената поткрепа, од мисла до реализација, покрај металните решетки е сочувството.

Во санаториумите испаруваат сите проблеми на пациентите кои најчесто се чувствуваат заробени како во аквариум, во стапиците подметнати од самите себе и потпомогнати од докторите. Честопати овие непланирани цимери се последната бронхија на семејното дрво што се затнала и чувството на “спас за саканите, спас од самите себе, спас од светот”, на отпадок е постојано присутно, па и ретко излечливо.

"Повремено, од другите соби, од другите светови се слушаат крици и плач од кои и карпата би затреперила."

Не само што овие луѓе копнеат по емоции, често недоволно моќни да ги почувствуваат на своја кожа, кој поради трауми, кој поради патологијата на менталниот тег што му натежнува во главата, во корените се само луѓе. Бараат и даваат, земаат и бегаат.

Романот си поигрува со физичката мерливост "нормално/болно" и се обидува да ги разруши стигмата и предрасудите кои се тркалаат низ ходниците на санаториумите и прелеваат во секојдневието, така сурови и неограничени. Дали ментално растроената личност е терминално болна? Што се крие зад фасадата на секој од нив: авторитарна мајка или лошо распоредена генетика? 

Истовремено критика за модерното општество, за антропоцентризмот за кој луѓето произволно се борат за рамноправност додека тајно навиваат да создадат хиерархија на чиј врв и самите ќе се искачат, “Повик за спас” е голо и брутално парче уметност во пишана форма. Според романот е снимена и серијата “Tutto chiede salvezza” со одлична актерска екипа која достојно го отсликува дејството.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 150 МКД
2,43 EUR
Заштеда 50%
300 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

31.
Jan.
Рецензии
Во „Хамнет“ Меги ОʼФерел не го деградира големиот поет и драматург, туку го намалува неговото значење, го приземјува генијот до човек.
24.
Jan.
Рецензии
Брутална и освестувачка, Серл со „За пет години“ излегува од лајсната на жанрот и упатува моќна порака: „Живеј со полна пареа, без каење и ...
17.
Jan.
Рецензии
Најновото остварување „Атмосфера“ на Тејлор Џенкинс Рејд е можеби најкомплексното во нејзиното досегашно творештво.
27.
Dec.
Рецензии
Париз. Шарен, занесен, епицентар на мода, гастрономија и архитектура, Ајфеловата кула и Монмартр, кроасани, јазикот на љубовта, но и на многу скриени злостор...
11.
Oct.
Рецензии
Секогаш е нова книжевна авантура кога читателот се впушта во дело на Тејлор Џенкинс Рејд. 
06.
Sep.
Рецензии
Во време кога социјалните мрежи се погласни од докторите и нутриционистите и диктираат лажна слика за идеална фигура и тежина, овој роман не треба да го одми...
25.
Aug.
Рецензии
Додека бестселер-побарувачката полека ги брише книжевните ерудити, на литературната сцена недостигаше богатиот, збиен Маркесов стил во кој единствено накитен...
05.
Aug.
Рецензии
Уште од самиот почеток романот „Тајната книга на Флора Лиа“ суптилно навестува нарација што ќе ги помести границите на сите повоени и поствоени к...
10.
Jun.
Рецензии
Романот на Рис Боуен е топла и вртоглава приказна за Втората Светска Војна, што се случува во руралниот дел на Кент.
18.
May.
Рецензии
Франческа Медоуз, наследничката на имотот „Дворецот", сместен на магичната обала на Дорсет, со бескрајни диви песочни плажи кои граничат со високи...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.02 MB